Потребни состојки:

300 г петит бисквити

3 пудинг од ванила

10 лажици шеќер

1 литар млеко

200 г путер

4 лажици кисела павлака

500 г свежи јагоди

200 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

Разматете го прашокот за пудинг со шеќер во малку млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне. Тргнете од оган, па додека е врело ставете путер исечкан на парчиња, добро промешајте со жица додека кремот целосно да се растопи.

Тогаш додадете и кисела павлака, па повторно добро промешајте и изедначете ја смесата. Тогаш додадете ги и бисквитите искршени на парчиња (искршете ги со рака), па сето заедно измешајте го со лажица. На крај додадете сечкани јагоди и полека промешајте.

Добиената смеса излејте ја во калап за торти или во тавче со произволна величина, израмнете и оставете во фрижидер да излади барем 2 часа за да излади добро и да се стегне.

Преку изладениот колач нанесете изматена слатка павлака и декорирајте по желба.