Направете домашен крем кој ќе ве препороди. Рецептот е едноставен и чудесен:

Потребни состојки:

1 жолчка (најдобро од домашно јајце)

2 лажици бадемово масло (или маслиново)

½ лажица мед

2 лажички вазелин (медицински)

Подготовка:

Вазелинот го растопувате на пареа. По неколку минути кога целосно е растопен, го тргате од огнот и ги додавате останатите состојки. Мешате убаво додека да се изедначи смесата. Кремот го ставате во соодветен сад и го чувате во фрижидер.

Внимавајте: жолчката може да ви се свари во процесот на мешање. Затоа топлиот вазелин постепено додавајте го во жолчката со постојано матење. Некои додаваат варена жолчка, но поголем ефект има доколку се приготви со сирова жолчка.

*Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува длабоките брчки и го забавува стареењето.

Одговара на сите типови кожа.

Видливи резултати се забележуваат по само 7 дена редовно користење. Оние кои со внимание ќе се однесуваат кон својата кожа, ќе го  засакаат овој крем.

ОКОЛКУ ОЧИТЕ кремот се нанесува со тапкање а не со мазнење! Прво нежно се нанесува тенок слој, а потоа со јагодиците од показалецот и средниот прст наименично се тапка тенката кожа неколку минути додека да се впие кремот.

Остатокот од кожата и вратот се масираат нежно со тапкање, штипкање и лесно мазнење за да се зголеми микроциркулацијата и полесно да се апсорбира кремот.

Употребата е задолжителна наутро и навечер, а се препорачува и послепладне кога ќе се вратите од работа и ќе ја извадите шминката.

Кремот се нанесува САМО на добро исчистена кожа со слободни пори. Ако порите ви се затнати и имате црнки, препорачливо е претходно да користите некој пилинг и тоник за чистење или да посетете козметичар за постручно третирање.

Кожата ќе ви блесне уште првиот ден, а за една седмица ќе забележите видно пеглање на ситните брчки и израмнување на длабоките.