Мојата пријателка држеше слаткарница во Виена и ова беше нејзиниот најпродаван колач. Таа еднаш ми го прати рецептот и ми рече да го направам и да го споделам со сите кои се љубители на бел кремаст колач со јаготки. Колачот се прави многу брзо и лесно, а мојата пријателка го нашла по долго пребарување, под името „јапонски колач“.
Кога првпат го пробав овој колач, целосно се занеcoв во неговиот вкус што не забележав дека сум земала 4 парчиња. Сунѓерестиот и кремаст вкус што го прават посебен овој колач се должи на млечниот вкус измешан со ванилата. Помеѓу филот се редат и сечкани јагоди кои лесно може да се најдат овој период од годината. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 жолчки, 4 белки, 120 г шеќер, 110 мл млеко, 45 г путер, 120 г сенаменско брашно, 1 мала лажица прашок за печиво, 1 мала лажица ванила, 1 мала лажица рендана кора од лимон (опционално), прстофат сол, јагоди. ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: 600 г ладна неутрална павлака, 1 и пол лажичка ванила, 3 големи лажици шеќер (може да се додава повеќе или помалку по вкус), прстофат сол.
ПОСТАПКА: Белките кои треба да бидат на собна температура издвојте ги во сад и изматете ги пенасто со миксер, додека да добијат поцврста конзистентност. Постепено зголемувајте ја брзината на миксерот и додавајте го шеќерот да се растопи во белките.
Белките матете ги подолго време за да станат поцврсти, така што во нив ќе се акумулира повеќе воздух кој ќе спречи спласнување, а пандишпанот на тој начин ќе излезе мек и сунѓерест. Кога ќе го достигнете врвот од најдобро измешана пена, тргнете ја настрана и во друг сад изметете 2 жолчки со ванилата.
Жолчките се матат додека да побелат и да го зголемат својот волумен. Потоа, додајте го млекото и продолжете со матење, додајте го путерот и на крајот сувите состојки како брашното, прашокот за печиво и солта. Кога ќе ги ставите сувите состојки во смесата, лесно измешајте ги за смесата да не спласне. Доволно е додека да се израмнат грутчињата.
Се додава и ренданата кора од лимон, па 2 лажици од првично изматената пена од белки. Се соединува и целата смеса од жолчлки се додава во белките. Измешајте лесно со шпатула. Поделете ја смесата на 2 еднакви дела и печете го секој бисквит посебно во квадратен мал плех, обложен со хартија за печење во загреана рерна на 160 степени, околу 20-22 минути.
По печењето, корите се оставаат добро да изладат пред да се извадат од плехот, околу 5 минути. Потоа превртете ги на рамна површина и извадете ја хартијата за печење. Додека корите се печат подгответе го кремот. Цврсто изматете ја павлаката со шеќер во фин снег, додајте ванила и прстофат сол.
Половина од кремот се премачкува врз првата кора, а сето тоа правете го набрзина за да не спласне кората. Одозгора се редат јагодите исечени на половина и малку се притиснуваат во кремот. Јагодите сечете ги на ленти со приближно иста дебелина и редете ги на израмнетиот крем.
Врз јагодите премачкајте со втората половина од кремот и одозгора ставете го вториот пандишпан. Со преостанатиот крем премачкајте ја површината на тортата. Тортата се става во фрижидер да се стегне 2 часа, а потоа одозгора се декорира со уште еден слој од свежи јаготки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.