10 МИНУТНА МАГИЈА…Брзи погачиња со спанаќ и сирење…
Овие меки и вкусни погачиња се идеален избор за брз појадок, ужина или додаток на вечерата.
Со спанаќ и сирење, подготвени за само 10 минути, ќе ве освојат со својата едноставност и неверојатен вкус! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (за 19 погачиња):
– 2 јајца
– 200 г кисело млеко
– 100 мл масло
– 1 лажичка сол
– 10 листови спанаќ (ситно исечени)
– 50 г рендана или издробена фета (или сирење по избор)
– 350 г брашно
– 2 лажици пченкарно брашно
– 12 г прашок за печиво
– Сусам (за посипување)
Постапка:
Во длабок сад, изматете ги јајцата со виљушка и одземете малку за премачкување на погачињата. Додајте го киселото млеко, маслото и солта, па измешајте.
Потоа додајте ги ситно исечените листови спанаќ и издробеното сирење. Промешајте за да се соединат.
Измешајте го брашното, пченкарното брашно и прашокот за печиво, па постепено додавајте ги во влажната смеса. Мешајте додека да добиете меко, малку лепливо тесто.
Со лажица земајте од смесата и со намастени дланки формирајте топчиња или рамни погачиња. Наредете ги на намастен плех 32.
Премачкајте ги со изматено јајце (малку што одзедовте претходно) и посипете ги погачињата со сусам.
Печете во загреана рерна на 180-200 °C околу 25 минути, додека да поруменат. Послужете ги топли или ладни, со јогурт, ајвар или по желба!
Совет: За дополнителен вкус, додадете малку сушен босилек или оригано во тестото. Уживајте во овие брзи погачиња! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: