Една банана и ниту една дамка! Бела кожа како снег! Ова е рецепт од природната козметика која се користела во минатото. Дали некогаш сте се обиделе да користеле кора од банана во вашата рутина за нега на кожата?
Денеска ви прикажувам како да ги намалите брчките со кора од банана и пченкарен скроб! Кората од банана содржи високо ниво на колаген. Ги отстранува пигментните дамки, темните дамки, ја отстранува мелазмата.
Природен колаген! Компирите ги спречуваат знаците на стареење. Компирите ја намалуваат сувоста на кожата и ја осветлуваат. Исто така, го стимулираат производството на колаген во кожа бидејќи содржат витамин Ц.
Стимулација на колаген, против брчки…сето тоа ќе го добиете од овие природни состојки. Витамините и минералите во кората од банана и компирот ќе ја осветлат кожата.
Ги отстрануваат старечките дамки и ќе помогнат во намалувањето на брчките. Природно и здраво! Пригответе 3 различни креми од исти состојки и користете ги наизменично во текот на целата недела.
Резултатите ќе ве воодушеват! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
за крем 1:
1 банана
сол од 1/2 портокал
1 лажица мед
Бананата испасирајте ја и помешајте со сок од портокал и мед. Смесата нанесете ја со нежна масажа и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте се со млака вода. Чувајте ја во добро затворена во стаклена тегличка во фрижидер.
за крем 2:
-кора од банана
-компир
-230 мл вода
Исечете ја кората од банана на мали парчиња. Земете еден компир и излупете го и исечете на коцки. Ставете ги состојките во тенџере и залијте ги со 230 мл вода. Сварете ги додека да омекнат на тивок оган.
Потоа испасирајте ги со рачен миксер за да добиете кремаста смеса. Смесата процедете ја низ сито или газа за да се отстранат поголемите честички, па поделете ја на 2 еднакви дела.
во првиот дел додајте:
1 лажичка масло од ленено семе (за третман на акни, розацеа и егзема)
1 лажица лимонов сок
1 лажичка скроб
Добро промешајте за да се соединат сите состојки. Смесата нанесете ја на чиста и сува кожа со нежна масажа додека целосно да се апсорбира. Оставете да делува 20 минути па исплакнете со млака вода. Чувајте во добро затворена тегла во фрижидер.
во вториот дел додајте:
1 лажичка алое гел
1 лажичка масло од авокадо, за брчки (на раце, лице, врат и деколте).
Добро промешајте додека да се соединат состојките. Смесата нанесете ја со нежна масажа и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте се со млака вода. Чувајте во добро затворена тегла во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.