Ќофте во богат доматен сос…Совршена идеја за вкусен семеен ручек…Ќофтиња во доматен сос со уште подобар вкус…Како да направите вкусен, добар ручек кој ќе го пофалат сите на трпезата…
Направете ќофтиња, кратко пропржете ги. Подгответе го сосот врз сокот што го испуштиле пржените ќофтиња, оставете го полека и добро да се искрчка и уживајте во вашиот ручек. Послужете со кремасто пире од компири, варени компири или ориз…
Ќофтиња во сос од домати. Состојки и подготовка:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 г мелено месо
1 голема главица кромид
3 чешниња лук
магдонос
1 јајце
1 лажичка сол
малку црн пипер
1 лажичка црвен пипер
3 лажички лебни трошки (презла)
малку рендано мускатно оревче
Сите состојки се мешаат и со раце се прават ќофтиња, се валаат во 100 г лебни трошки.
Пржете ги ќофтињата 3-4 минути од едната и 3-4 минути од другата страна. Извадете ги во чинија и подгответе го сосот со додавање на сите наведени состојки редоследно:
Потребни состојки за доматен сос:
1 мала главица кромид
1 лажица брашно
400 мл готвен доматен сос
околу 800 мл вода
1 лажица соја сос
мускатно оревче
сол
Прво запржете го кромидот додека да омекне, па брашното и на крај доматниот сос, водата и зачините.
Вратете ги ќофтињата во сосот и динстајте ги на ниска температура околу половина час. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/smOX-DalNWQ?si=PyV3NJR-1iYulqBB