Ќе заборавите на сладоледот кога ќе го пробате овој десерт…ЛЕДЕН КОЛАЧ ОД 3 СОСТОЈКИ што има подобар вкус од сладоледот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 банани
200 мл слатка павлака
250 г готов пудинг од карамела (2 мали чашки)
малку ореви и мелено чоколадо
рендано чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

1.Бананите исечете ги на тркалца и наредете ги во соодветен сад. Затворете го садот и оставете го 1 час во замрзнувач.

2.Слатката павлака изматете ја во шлаг. Смрзнатите банани помешајте ги со пудингот и со рачен миксер изматете ги (или во појак блендер), да добиете кашеста смеса.

3.Потоа постепено (во неколку наврати) додајте ја изматената слатка павлака и изматете со миксер.

4.Сипете ги оревите и чоколадото, па измешајте. Обложете го калапот со проѕирна фолија, па истурете ја смесата и ставете ја во замрзнувач 2 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.