Јогурт, 1 јајце и 10 минути…Маж ми јаде по 10 на едно седнување…Кој ги пробал бара рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл јогурт/кефир
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 јајце
750 г брашно
1 супена лажица прашок за печиво
20 мл масло

За фил (избор):
2 мали главици кромид, ситно сечкан
150 г печурки, ситно сечкани
200 г бело месо, ситно сечкано или мелено
150 г кисела павлака и неутрална павлака

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте го јогуртот, со јајце, сол и шеќер, па постепено додајте го брашното и прашокот за печиво.

Кога ќе се формира меко и компактно тесто, додајте го маслото и домесете го за да се измазни. Покријте го и оставете да одмори 20 минути.

2.За фил: испржете го ситно исечканиот кромид, додајте ги сечканите печурки и динстајте додека да омекне и испари течноста. Додајте го сечканото месо, додајте го во тавата и динстајте го додека да омекне и ја промени бојата.

3.Зачинете по вкус и додајте ја павлака. Динстајте со мешање додека сето да се поврзе и да испари вишокот течност, приближно 15 минути, под капак. Тргнете го настрана и оставете да се олади.

4.Одмореното тесто поделете го на приближно 19-20 топчиња. Покријте ги со кеса за да не се сушат. Земете едно, посипете го со малку брашно и развлечете го со рака или со оклагија, а во средината ставете фил.

5.Затворете го како триаголник.

6.Во тава загрејте масло на умерена температура, па пржете ги полнетите мекици додека убаво да заруменат од двете страни.

Не ги превртувајте додека убаво да заруменат од едната страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.