Ќе го правите овој колач за 5 минути секој ден…Се топи во уста…Многу вкусен и брз колач. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер
40 мл сок од лимон и рендана кора
80 мл масло
50 мл млеко
200 г брашно
15 г прашок за печиво

За одозгора:
2 лажици џем од кајсии
2 лажици кокос

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со прстофат сол и шеќер. Матете ги додадете да станат кремасти, па вмешајте ја ситно ренданата кора од лимон. Потоа додајте масло, лимонов сок и млеко, па повторно промешајте.

2.Во течната мешавина просејте ги брашното и прашокот за печиво, па добро измешајте да нема грутчиња.

3.Смесата излејте ја во калап за торти 26 см обложен за хартија за печење и ѕидови премачкани со путер. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.

4.Топлиот колач одозгора премачкјате го со џем и посипете го со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/btvkEsOroTM?si=bRh1f7EOyyXtSIM5