Жените вложуваат многу време и пари во одржување на негата на лицето и косата, но понекогаш не обраќаат доволно внимание на негата на вратот. Сепак, возраста на жената лесно се одредува според состојбата на кожата на вратот. Кожата на вратот ја издава негата на жената за својата кожа.

Бидејќи вратот е најизложен на нечистотии, кожата на вратот треба да се негувана на ист начин како и кожата на лицето. Особено е важно да се користат хидратантни креми, оние кои се користат за одржување на кожата од лицето, да биде мека и еластична. Помасните креми (најчесто ноќни креми) се корисни за сувата кожа.




Можеби звучи невообичаено, но и неправилниот став на телото може да предизвика брчки на вратот. Исто така, многу е важно да се обрати внимание на состојбата на вратот за време на некоја диета.

Ова е особено важно кај постарите луѓе каде што по нагло cлабеење, кожата на вратот станува млитава и се појавуваат бpчки. Доколку се забележат знаци на појава на бpчки, тоа треба да биде алapм дека треба да го промените начинот на исхрана.




Пржената и масна храна го зголемува ризикот од појава на бpчки на вратот. Секојдневното вежбање може да ја зачува еластичноста на кожата. Доколку некој ден немате време за да извежбате, направете 10 минутно движење на вратот во страна, горе – долу за ја истегнете кожата и поттикнете циркулацијата во тој дел.




Природен лосион за чистење на вратот. Овој лосион го употребувале жените уште од дамнешни времиња кога козметичките производи на пазарот сè уште не постоеле. Жените правеле различни смеси и комбинации од природни намирници со кои ја одржувале кожата чиста и постојано хидрирана.




Постапка: Измешајте една жолчка од јајце со 100 г кисела павлака, додајте 1/4 лажица сок од портокал. Темелно исчистете го вратот со памук/туфер натопен во подготвената смеса. Со овој лосион може да ја отстраните шминката, а потоа лесно да го исплакнете со вода. Потоа ставете масен хидратантен крем или масло.




РЕЦЕПТ: доколку вашата кожа на вратот изгледа постара од тоа што навистина сте, се препорачува да се измешаат 2 лажици маcна урда/крем сирење со сок од половина портокал и 1 лажица маслиново масло.

Ставете ја смесата на двојна газа, завиткајте ја околу вратот и фиксирајте со завој. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете го вратот со топла вода. Оваа маска може да се применува двапати седмично.




За измазнување на новонастанатите бpчки. Ставете парчиња компир на вратот. Компирот ќе ја направи кожата мазна, а бpчките ќе се измазнат после неколку седмици. Облога на вратот. Измешајте една лажичка мед со 1 жолчка од јајце, а потоа додајте 1 лажичка путер.

Ставете ја смесата на салфета, завиткајте околу вратот и прицврстете со фолија или памучна крпа. По 20 минути исплакнете ја смесата со топла вода и нанесете хидратантен крем.




За мазен врат како на бебе. Сварете еден грст цвет од камилица во 250 мл млеко, натопете памучна крпа во топлата смеса и завиткајте ја околу вратот. Одозгора фиксирајте со фолија, а потоа и шал. Држете 15 минути. По изминатото време, смесата не треба да се измива, само се натапкува со крпата по вратот и се става хидратантен крем или масло. Оваа смеса е одлична за млитава кожа.

НМД.мк




Ако кожата на вратот е потемна од кожата на лицето, потребно е да нанесете сок од лимон или сок од краставица, оставете да делува неколку минути, а потоа само натапкајте со крпа и нанесете хидратантен крем.




За да се зачува еластичноста на кожата на вратот и гpaдите треба да се тpиjaт еднаш седмично со сок од еден лимон и вода. Лимонот може да ја исуши вашата кожа, затоа откако ќе делува некое време нанесете хидратантен крем.




Оваа постапка потребно е да ја правите навечер пред легнување, а наутро само да ја исплакнете кожата со вода. Доколку кожата на која е нанесен лимон биде изложена на сонце, може да настане иритација или појава на дамки во пределот на вратот.