Многу вкусна чоколадна торта која не бара печење, а се категоризира во една од најздравите торти бидејќи не содржи млеко, јајца, брашно, а масло се додава сосем мала количина, но доколку го избегнувате може и да го изоставите.
Вкусот е преубав, навистина личи како да е некоја скапа торта, а се прави од неколку состојки кои веројатно постојано ги имате во домот. Јас секогаш ја правам кога сум многу жeлна за благо, но сепак не сакам да се здeбелам. Од овој торта-колач навистина се cлабее. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани, прстофат цимет (опционално), 30 г какао или две големи лажици, 250 г овесни снегулки или 3 чаши, 1-2 лажички масло, уште 1 банана, 100 г црно чоколадо (без шеќер), 1 мала лажичка масло и уште неколку мелени јатки по ваш избор за декорација (може кикирики, бадеми, ореви…)
ПОСТАПКА: најпрво излупете и исечете на кругови две банани. Изблендирајте ги во каша или со виљушка изгмечете ги додека да станат полутечни во еднолична смеса. Додајте прстофат цимет (опционално), а веднаш потоа и какаото.
Измешајте ги состојките и соединете ја смесата. Во едно нелепливо тавче ставете ги овесните снегулки и пропржете ги додека малку да потемнат. Потоа оставете малку да се изладат, неколку моинути, па додајте ги во смесата од банани. Убаво измешајте ја смесата додека да се соедини овесот со бананите.
Можеби ќе биде потребно малку повеќе време додека да ја соедините смесата, важно е таа да биде компактна. Во еден калап со пречник од 16 см, намастете ги страните и излејте половина од смесата. Одозгора натапкајте ја површината додека целосно да се израмни.
Земете ја третата банана и исечкајте ја на тенки кругови. Наредете ги врз првата половина од смесата, а веднаш над бананите додајте ја втората половина и убаво израмнете. Ставете го калапот со колачот во фрижидер да се стегне 1 час или 15 минути во замрзнувач.
Пред да го извадите колачот од фрижидер, направете ја глазурата од чоколадо. Растопете го чоколадото на начин кој е најлесен за вас, а по желба додајте и 1-2 лажици масло. Кога ќе го извадите калапот од фрижидер, прво отстранете го флексибилниот обрач, а потоа излејте ја глазурата.
Декорацијата ја оставаме на вас, а како наша идеја по рецептот е да пропржите одредена количина на кикирики, да ги излупите, потоа да ги изблендирате и да ги наросите врз чоколадната глазура.
Истото може да го направите и со ореви, бадеми, лешници или некои други јатки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.