Златното млеко претставува пијалак на древната индиска медицина. Се верува дека со векови бил чуван во тајност.
Според индиската медицина златното млеко и воопшто златната боја се симбол на здравје и лековитост.
Секако, ова млеко има и потврдено многу здравствени придобивки врз телото, врз имунитетот, здравјето на зглобовите, коските, рбетниот столб и скоро врз сите витални органи.
Златното млеко делува како „подмачкувач“ и помага за повторно воспоставување на кичмената флексибилност и намалување на крутоста при движењето.
Корисно е за хематопоезата (формирањето на крвните клетки), за здравјето на дебелото црево, нервниот систем и коскеното ткиво.
Рецепт за златно млеко за зајакнување на коските и подобра подвижност на зглобовите
Се прави во неколку чекори. Прво направете ја пастата од куркума.
Состојки за паста од куркума:
40 г куркума во прав
100 -150 мл вода.
Подготовка на пастата од куркума:
Куркумата измешајте ја со водата и ставете ја во сад на оган. Промешајте и оставете ја да зоврие, а потоа варете ја така околу 8 минути, додека содржината се згусне.
За тоа време постојано мешајте. Ако мешавината е прегуста, додадете уште малку вода. Готовата паста треба да има конзистенција како кисело млеко.
Потоа, подгответе си го топлиот напиток за добро здравје.
Состојки за подготовка на златно млеко:
250 мл млеко, ние обично го користиме
2 лажички бадемово масло или масло од семка од кајсија
1 лажичка природен мед, или повеќе по вкус
1 лажичка паста од куркума.
Подготовка на златното млеко:
1.Млекото проварете го и во него додајте го бадемово масло (може и да го замените со друго нерафинирано).
2.Тргнете го садот од оган, ставете го млекото во шолја, па додајте од претходно приготвената паста од куркума.
3.Засладете по вкус и убаво измешајте.
Начин на употреба на златното млеко:
Пастата од куркума можете да ја припремите во поголема количина и да ја користите во текот на 40 дена, колку што е времетраењето на третманот. За да ја зачувате исправна, неколку лажички од пастата оставете ги во затворен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба.
Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно.
Забелешка: Оние кои имаат проблеми со жолчната ќеса, не се препорачува да го пијат златното млеко, бидејќи куркумата има диуретичен ефект.