Современиот свет се соочува со голем број хронични болести и метаболни болести од кои страдаат сè поголем број луѓе. Истовремено се чини дека модерната медицина е немоќна да се справи со нив и да го спречи нивниот развој.

Една од овие болести е дијабетесот. Во моментов има околу 460 милиони луѓе во светот со оваа дијагноза, а се проценува дека до 2030 години нивниот број ќе достигне 600 милиони луѓе.

Според експертите, половината од дијабетичарите во Македонија дури не ни претпоставуваат дека имаат такво заболување, а оние кои знаат се осудени постојано да го следат нивото на шеќерот во крвта и да земаат лекови до крајот на својот живот.

Меѓутоа, постојат примери и исклучоци кои со помош на народната медицина успеале да се спасат од оваа болест. Затоа е потребно навремено контролирање и регулирање на неправилностите веднаш по нивната појава. Тегобите и болестите се решаваат многу полесно доколку се откријат и рано започнат да се третираат.

Ваков е случајот со Лилјана Панталеева од селото Костанденец. Таа страдала од висок шеќер со години додека не започнала да се лекува со природна медицина.

Како резултат на тоа, шеќерот на крвта од 9,55 и се спуштил на 4,2 и откако се нормализирал повеќе не и се покачил. За да се приготви овој народен лек потребни се домашна ракија, ореви со тврда лушпа и листови од миризливото слаткарче.

Потребни состојки:

500 мл домашна ракија околу 40 степени (двоен препек)
16 цели ореви со тврда лушпа (15-20 во зависност од големината)
20 листови од Слаткарче
1 лажичка цимет – по желба

Постапка:

Во голема тегла ставете ги оревите поткршени заедно со лушпа и плод, листовите од слаткарчето исечете ги заедно со стебленцата, па и нив додадете ги и на крај прелијте со ракијата. Протресете добро, затворете и теглата ставете ја во фрижидер (на најдолната полица) да отстои 15 дена. Теглата треба да ја завиткате во хартија од весник или алуминиумска фолија и повремено да ја протресувате.

После две недели процедете ја содржината, а лекот складирајте го во стаклено шише и чувајте го во фрижидер. Пијте по 20-25 мл наутро на празен стомак додека да се потроши целата количина. Најдобро е да се пие во период од три месеци, па да се направи пауза од 1 месец, а потоа можете да повторите уште 3 месеци.

Баба Лиле тврди дека никогаш веќе не и’ се покачил шеќерот во крвта и дека се чувствува одлично. На сите им го препорачува рецептот бидејќи е убедена во ефикасноста на природната медицина.

Не заборавајте дека покачениот шеќер во крвта е болест која бара строг режим, здрава исхрана и физичка активност, како и одбегнување на бело брашно, шеќер и останата храна со висок гликемиски индекс.