Кога ми доаѓаат гости, секогаш сакам да ги послужам со нешто убаво и необично за уживаат целосно. Секогаш гледам да направам нешто ново и досега непробано, па постојано си гледам нови рецепти и си ги запишувам. Пред некое време ги најдов овие златни триаголници кои се прават од туна, мајонез и ориз.




Ова е многу лесно предјадење во кое уживаат сите, а вчерашните гости, ми рекоа дека ќе поминат и денес, да им ги направам пак. Од сите јадења на масата, овие триаголници први ќе се изедат. Може да ги послужите и за претстојните слави и празници. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250-300 г конзервирана туна, 1 чили пиперче (опционално), 2-3 лажици кремаст мајонез (одберете го најубавиот), 3 чаши ориз, 3 јајца, малку масло за пржење и зачини по вкус (сол, црн пипер, црвена зачинска пиперка).




ПОСТАПКА: Купете конзервирана туна и од неа исцедете ја течноста, која е акумулирана на дното во конзервата. Ставете ја туната во подлабок сад, а настрана исечкајте 1 мало чили пиперче, на што поситни парчиња. Ова е секако опционално, доколку не сте љубители на лутиот вкус, може да ја прескокнете оваа состојка.




Сечканото чили пиперче додајте го во туната и измешајте. Потоа додајте 2-3 лажици кремаст мајонез и енергично измешајте ја смесата додека целосно да се измеша во паста и да стане компактна. Оризот сварете го настрана во вода околу 15-тина минути, па по варењето зачинете го по вкус со сол, црн пипер и црвена зачинска пиперка.




Кога оризот малку ќе се олади, поделете го на 6 еднакви делови и секој дел со рацете натапкајте го помеѓу рацете како круг и на средина ставете од пастата со туната, која исто така треба да ја поделите на 6 еднакви делови. Потоа со краевите, затворете ја туната со оризот и со рацете формирајте триаголници (погледни видео).




На овој начин подгответе 6 парчиња. Јајцата изматете ги со малку сол, па земете едно тавче и во него ставете малку масло да се загрее. Триаголниците натопете ги во садот со јајцата и ставете ги да се пропржат во маслото, колку да фатат коричка и да станат златни.




Иако, триаголниците може да се јадат и веднаш кога ќе се формираат со оризот, многу е повкусно кога се пропржени со јајцата бидејќи фаќаат крцкава коричка и изгледаат како похувани. Пржете ги сосем малку од сите страни, додека да поруменат.




Потоа, директно вадете ги на чинија за послужување и по желба можете да ги декорирате со лист од суви алги, но секако овој процес не е неопходен. Вкусот на овие триаголници е тоа што изненадува, а притоа еден триаголник заситува многу. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.