ЗЛАТНИ ТОПЧИЊА ОД САМО 4 СОСТОЈКИ…Многу вкусни, а брзи и лесни за правење…
Калиопа Бузинис ни подарува едноставен, но неодолив рецепт за кашкавалени топчиња што ќе ги воодушеват сите љубители на крцкави и вкусни залчиња.
Овие топчиња се совршени за забави, семејни собири или едноставно за уживање пред телевизор. Со неколку состојки и малку труд, ќе добиете вистинска мала гастрономска магија!

Потребни состојки:
– 300 г кашкавал
– 8 рамни супени лажици брашно
– 2 јајца
– 1 лажичка прашок за печиво
– Масло за пржење
– НМД
Постапка:
Изрендајте го кашкавалот во сад. Додајте ги јајцата, брашното и прашокот за печиво. Важно: користете точно 8 рамни супени лажици брашно, не повеќе!
Измешајте ги состојките темелно додека да добиете хомогена смеса. Со лесно навлажнети раце, формирајте топчиња со големина на орев.
Загрејте масло во длабок сад или тава на висока температура. Штом почнете да ги ставате топчињата, намалете ја температурата на средна (на пример, ако шпоретот има 6 степени, намалете на 4).
Пржете ги топчињата додека да добијат златно-кафеава боја. Откако ќе се испржат, извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да се исцедат од вишокот масло.
Послужете ги топли и уживајте во нивниот крцкав вкус!