Home закуска ЗЛАТНИ ТИКВИЧКИ: Едноставен и вкусен рецепт за секој ден

ЗЛАТНИ ТИКВИЧКИ: Едноставен и вкусен рецепт за секој ден

Златни тиквички: Едноставен и вкусен рецепт за секој ден

Овој рецепт за тиквички е идеален избор за оние кои бараат брзо, вкусно и лесно јадење.

Со само неколку состојки, ќе подготвите крцкави тиквички кои се совршени како предјадење, прилог или лесна вечера.

Нежната текстура на внатрешноста и златно-кафеавата кора на површината ќе го освојат секој вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 3 тиквички
– 3 јајца
– 150 г јогурт или павлака
– 80 г брашно
– 1/2 лажичка сув лук
– сол по вкус
– црн пипер по вкус
– мелен црвен пипер по вкус
– растително масло за пржење
– НМД

Постапка:

1. Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа исцедете ја вишокот течност.

2. Во длабок сад изматете ги јајцата, додајте го јогуртот или павлаката, сол, црн пипер, сув лук и мелен црвен пипер. Добро измешајте.

3. Постепено додавајте го брашното и мешајте додека добиете хомогена смеса со густина на тесто за палачинки.
4. Загрејте растително масло во тава на средна температура.

5. Секој круг тиквичка потопете го во подготвената смеса, па внимателно ставете го во загреаното масло.

6. Пржете ги тиквичките додека да добијат златно-кафеава боја од двете страни, околу 2-3 минути по страна.

7. Готовите тиквички вадете ги на хартиена крпа за да се отстрани вишокот масло.
8. Послужете ги топли, по желба со јогурт или павлака како додаток.

Добар апетит! Деталите од подготовката погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ: