Оваа златна пита без кори е доказ дека за врвен домашен вкус не се потребни комплицирани чекори.
Се подготвува од едноставни состојки, без готови кори, а резултатот е мека, сочна и богата пита со сирење, идеална за појадок, ручек или вечера.
Совршена е и за семејна трпеза и за гости, а често се служи само со свежа салата – ништо повеќе не е потребно, пишува НМД. Еве што е потребно:


🧾 Потребни состојки
• 4 јајца
• 800 г ситно сирење
• 1 прашок за печиво
• 100 г путер
• околу 400 г брашно
• сол по потреба (ако користите несолено сирење)
За прелив:
• околу 20 г путер (од вкупната количина)
• 150 мл неутрална течна павлака


👩🍳 Начин на подготовка
Јајцата изматете ги со жица додека да се соединат.
Додајте прашок за печиво, ситно издробено сирење и промешајте.
Постепено додајте просеано брашно и мешајте додека да се формира компактно тесто. Истресете го тестото на набрашнета работна површина и домесете го со рака.
Обликувајте топка и развлечете голема, тенка кора. По потреба посипувајте брашно за да не лепи. Исечете ја кората на половина и преклопете ги двете половини една врз друга.
Од пресечениот дел започнете да виткате ролат. По две три превиткувања, пресечете го ролатот на половина, а од преостанатиот дел свиткајте уште еден ролат.
Ролатите исечете ги на еднакви парчиња и наредете ги во намастена тркалезна тепсија со пречник од 36 см.
Растопете поголем дел од путерот, па рамномерно залијте ја питата. Оставете мал дел од путерот (околу 20 г) за преливот.
Печете во загреана рерна на 250°C, 20–25 минути, додека да добие убава златна боја.
Извадете ја питата од рерна и залијте ја со мешавина од преостанатиот растопен путер и течната павлака. Посолете по вкус.
Оставете кратко да се подизлади, па послужете.
🍽️ Совети за сервирање
Оваа пита е комплетен оброк сама по себе. Доволно е да се послужи со свежа сезонска салата или јогурт.
Совршена е и за носење, па често се избира како практично домашно решение за брз оброк. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































