Палентата е многу здрав и вкусен оброк и се приготвува многу брзо и лесно, а може да се јаде и подготвува на различни начини во комбинација со различни намирници. Некои ја сакаат со сирење, некои со павлака или јогурт, а некои ја комбинираат со зеленчук. Палентата не содржи глутен, па можат да ја консумираат сите, дури и оние кои имаат проблем со цревата и стомакот.




Исто така претставува идеален оброк за малите деца и за оние кои внимаваат на своите килограми и оние кои сакаат здраво да се хранат. Палентата е многу вкусен и здрав оброк кој можете често да си го приготвувате. Освен што е многу вкусна, одлична е за здравјето на цревата, а исто така, може да ви помогне да се ocлободите од вишокот килогpами.




Направете го совршениот пченкарен леб од палента кој ги надмашува сите останати рецепти за леб. Лебот има златна боја, а од палентата добива крцкава коричка. Покрај, тоа лебот е многу здрав и се подготвува многу брзо и лесно. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 400 мл вода, 200 г палента, 250 г брашно, 20 г квасец, 30 мл масло, 1 лажица шеќер, 1,5 лажички сол. 




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Подгответе си ги сите состојки, па започнете со замесувањето на лебот. Состојките се соединуваат со лажица и потоа само се домесува тестото уште малку за да стане компактно. Во едно подлабоко тенџере сипете 400 мл вода, ставете го тенџерето на рингла и почекајте водата малку да се затопли.




Додајте 200 г палента и почекајте водата да зоврие. Потоа, со постојано мешање соединувајте додека да ја сварите палентата. Тргнете го тенџерето настрана, а во посебен сад соединете 30 г свеж квасец, со 1 лажица шеќер и многу малку вода. Промешајте и оставете го квасецот да набубри неколку минути, додека палентата се лади.




Префрлете ја палентата во посебен сад, додајте ја содржината со набубрен квасец, додајте го маслото, солта и брашното. Замесете го тестото со раце додека целата содржина да стане компактна. Потребно е да добиете меко тесто кое не треба да се меси многу долго, доволно е додека да се соедини. По потреба во тестото додавајте си брашно, доколку ви лепи.




Оставете го тестото да отстои 30-тина минути на топло место, додека да се удвои. По отстојувањето, тестото се замесува уште малку, се префрла на набрашнета, рамна површина и се обликува во подолга векна. Вака подготвената векна (валјак) се остава да отстои уште 15 минути. Лебот може да го печете во специјален калап за леб или во плех, обложен со хартија за печење.




Калапот намастете го и наросете го со палента, па во него ставете половина од лебот (треба да го пресечете на половина и да го печете во два калапи). Вака подготвеното тесто се остава во калапот да надојде уште малку, па одозгора се прават резови со нож.

Лебот наросете го со уште малку палента и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200/220 степени, 35-40 минути. Деталите од целата постапка за приготвување на овој леб можете да ги погледнете ОВДЕ.