Овој рецепт кој ќе го прочитате во продолжени ќе ви овозможи за само два дена да ги закиселите свежите краставички и да добиете перфектно крцакви-сочни кисели краставчиња кои се омилена закуска и прилог на многу јадења. Под овој рецепт можете да прочитате и втор, стандарден, за чија подготовка ви се потребни само пет минути.
Она што ви е потребно е еден сончев ден кој ќе го одберете за приготвување, за да можете теглите да ги наредите на прозор, тераса или на некое безбедно безбедно во дворот, на некои скали, или било кое достапно место на кое допираат сончевите зраци.
Што се однесува до зачинот мирудија или копар, можете да го најдете истиот додека сè уште е млад и зелен, но истиот се користи дури и кога е преминат во семе. Овој зачин може да се купи во речиси секоја продавница како сув или уште подобро, од пазар – во свежа форма.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг домашни корнишони / мали краставички, 100-200 бел оцет 9%, 1 лажица сол, малку мирудија / копар, малку црн пипер во зрно (бибер), 500 мл вода
ПОСТАПКА: Краставичките измијте ги и исцедете ги од вишокот вода, а потоа потсечете ги на четвртини, но не до крај, зошто краставичките мора да останат цели, во едно парче.
Потоа во измиени и претходно стерилизирани стаклени тегли наредете ги краставичките, колку што собира до горе. Во ал-кохолниот оцет 9% додајте 500 мл вода, една супена лажица сол, гранче ситно исечкан копар и неколку зрна црн пипер (бибер).
Добиената течност прелијте ја преку краставичките, а потоа врз теглата ставете мала чинија или тацна, па најдете некое безбедно место на полицата од прозорецот или на некое друго сончево место, па таму наредете ги теглите.
За два дена краставичките ќе ја променат бојата и ќе се закиселат, па ќе добиете вкусна салата. Во продолжение прочитајте и класичен рецепт за приготвување на кисели краставички за зимница. Подготовката трае само 5 минути, а еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 5 кг краставички, 1 литар ал-кохолен оцет 9%, 2 литри вода, 2 супени лажици шеќер, 1 супена лажица сол, црн пипер во зрно (ловоров лист, коријандер, лист од коморач, синап)
Постапка: краставичките измијте ги и наредете ги во теглички. Ако се поголеми краставиците можете и да ги исечете на помали парчиња. Наведените состојки ставете ги на оган и сварете ги. Потоа налијте ги наредените краставички во теглите.
Теглите добро затворете ги и пастеризирајте ги. Јас обично теглите ги ставам во поголемо тенџере, свртени наопаку, на капаците. Налевам вода, теглите до половина да бидат во вода. Ставам на оган и кога водата ќе зоврие варам уште 5 минути и оставам да се изладат во водата. После 10-тина денови уживајте во приготвените краставички.