Home ТЕСТО ЖУ ЖУ ЛИСНАТИ ТРИАГОЛНИЦИ СО МЕСО Крцкави однадвор, разлистени на повеќе слоеви,...

ЖУ ЖУ ЛИСНАТИ ТРИАГОЛНИЦИ СО МЕСО Крцкави однадвор, разлистени на повеќе слоеви, а однатре сочни и меки

Ова е еден од оние рецепти што веднаш стануваат омилени. Без комплицирани техники, без долго чекање, а резултатот – совршено лиснато „жу жу“ печиво кое се двојат на листови и се топи во уста.

Методот со смрзнат путер и кратко замрзнување на тестото е тајната што прави разлика и дава професионален резултат и во домашни услови, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

👉 Лиснати „ЖУ ЖУ“ триаголници – најлесниот метод за печиво што се разлистува

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:
• 1 кг брашно
• 550–600 мл вода
• 2 лажички сол
• 300–350 г путер (добро изладен или смрзнат)

За филот:
• 1,5 кг мелено месо
• 5–6 главици кромид
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• ким по вкус

Дополнително:
• 1 јајце (за премачкување)
• црн ким (по желба, за посипување)
• НМД

Домашни „ЖУ ЖУ“ лиснати триаголници со месо – едноставен метод со путер за совршено крцкаво печиво што се двојат на листови. Проверен рецепт чекор по чекор.

👩‍🍳 ПОСТАПКА

1. Во длабок сад ставете го брашното, додајте сол и постепено сипете вода, додека да замесите меко, мазно тесто.

2. Покријте го тестото и оставете го да одмори 20 минути.
3. Поделете го тестото на две топки и оставете ги уште 5 минути.

4. Едната топка развлечете ја во голема и многу тенка кора со помош на сукало.

5. Одозгора изрендајте дел од смрзнатиот путер.
6. Поклопете со втората тенка кора, повторно изрендајте путер и со дланките нежно измазнете за рамномерно да се распореди.

7. Со помош на сукалото свиткајте ролат.
8. Со остар нож засечете долж сукалото, така што ролатот да се отвори во долгнавеста кора со повеќе слоеви.

9. Пресечете ја кората на половина по должина, па потоа на помали парчиња.

10. Спојувајте по две парчиња едно врз друго, лесно притиснете, а потоа секое пресечете го на 2 или 3 дела, во зависност од големината.

11. Наредете ги парчињата во чинија, покријте ги со фолија или кеса и ставете ги во замрзнувач 2 часа.

Подготовка на филот:
12. Кромидот ситно исечкајте го и измешајте го со меленото месо.
13. Додајте сол, црн пипер и ким по вкус и добро соединете.

Формирање и печење:
14. По два часа, вадете по неколку парчиња тесто од замрзнувачот.

15. Секое парче развлечете го во тенка кора, ставете фил и затворете во форма на триаголник (или по желба).
16. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

17. Премачкајте ги со разматено јајце и посипете со црн ким.
18. Печете во загреана рерна на 180 °C, 30–40 минути, додека да добијат златна, крцкава кора.

19. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: