Во секој брак има проблеми, но жените се тие кои најчесто се ж алат. Проблемите можат да бидат од различна природа, но за сите нив има решение. Толку реални совети како овие изнесени во текстот подолу, никаде нема да прочитате.
Ако ја сакате вистината, тогаш во овој текст ќе ја слушнете. Ценетиот руски психолог Михаил Лабковски, на жените им понуди неколку многу интересни совети. На едноставен и оригинален начин, тој предложи што треба тие да направат доколку животот им се претворил во п екол поради нивниот сопруг.
МАЖОТ СÈ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНУВА ПРЕД КОМПЈУТЕР. Нормалните луѓе не седат постојано пред компјутер, не гледаат серии непрекинато и не се пикнати со главите постојано во нивните паметни телефони. Паметните мажи – живеат!
Ако вашиот маж целото свое слободно време го поминува пред компјутер, тогаш знајте дека не е задоволен од својот живот (или со животот покрај вас) и се обидува да се окупира со нешто друго, за да не мисли на тоа. Нормално е жената во тие прилики да биде беcна. Мажот го губи интересот за неа.
Мој совет е да се обидете да го заведете повторно. Ако тоа не ви успее, тогаш време ви е да посетите психолог за парови. Но, пред да отидете кај советникот за брак, погледнете што гледа вашиот сопруг во компјутерот. Ако случајно е активен на некои од сајтовите за „забава“, тогаш ниту сите психолози во светот не можат да ви помогнат!
МАЖОТ ИМА ПРОСТАЧКИ МАНИРИ. Ако мажот уште пред бракот имал обичај да си го брише носот од завеса или да ги фрла смрдливите чорапи во дневната, тогаш жената сигурно знаела каков е тој уште пред да се омажи за него. Затоа жени, ако вашиот маж е таков, тогаш прифатете си го онаков каков што е. Никако не смеете да в икате по него.
Тој не е дете, па ако мајка му не успеала да го воспита кога требало, не е на вас сега да го превоспитувате. Ако ви пречат некои ситници во неговото „опуштено“ однесување дома, тогаш на љубезен начин укажете му на тоа. Ако не може да се промени, тогаш или прифатете го или разведете се од него. Трето решение нема!
За сите вие кои планирате да се мажите, добро размислете за неговите особини и навики кои ве иpитираат. Сега тој е ваше момче, но утре ќе биде ваш сопруг, и тие работи што ви пречат кај него, ќе мора секојдневно да ги гледате. Ако се подносливи, тогаш омажете се за него, но ако не се, тогаш не се надевајте дека ќе го промените. Еден возрасен маж не може да се промени, а истовремено да остане и среќен.
МАЖОТ НЕ УЧЕСТВУВА ВО ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА. Да претпоставиме дека ситуацијата е следна: жената ги чува децата дома додека мажот заработува за живот. Во овој случај решението е следното: вие како жена земете си слободен ден и заминете некаде. Оставете го мажот со децата.
Што и да се случи тој ден додека е тој со децата, немојте да се жалите и немојте да му префрлате затоа што не направил вака или онака. Едноставно оставете го да биде со своите деца. Колку повеќе време ќе поминува со нив (сам, без тутор врз глава), толку повеќе ќе сака да биде со нив.
СВЕКРВАТА ВИ ГО УНИШТУBА ЖИВОТОТ. Ако вашата свекрва постојано се меша во вашиот брачен живот и суптилно влијае врз нејзиниот син, а сега ваш сопруг, сигурно постојано има некакви замерки околу вас. Во тој случај, не се обидувајте да и удоволите. Колку повеќе се обидувате да и се допаднете, толку повеќе ќе паѓате во нејзината „замка“, каде таа ќе има улога на „ловец“, а вие ќе бидете „пленот.
Однесувајте се нормално, живејте го својот живот и не и обраќајте многу внимание. Ќе ви се допадне овој начин, верувајте ми. Таа и натаму ќе има забелешки и критики за вашиот живот. Ако се обидува да се меша во бракот, тогаш јасно ставете и до знаење дека тоа е ваш брак, а не нејзин.
На свекрвата едноставно кажете и: „Жено, ако не ти се допаѓа како готвам или како му ги пеглам кошулите на син ти, отсега доаѓај дома кај нас, ама само кога јас не сум дома, бидејќи не толерирам л оши коментари на моја сметка.“ Искрено се надевам дека живеете одвоено од вашата свекрва и дека таа нема преголемо влијание врз вашиот сопруг…