Ослободете го телото од лошите масти со овој едноставен напиток кој се состои од само две состојки. Делува одлично, особено после некој подолг период кога сте консумирале тешки оброци и во текот на некоја рестрикциска диета.

Овој напиток првенствено се консумира како најдобар природен лек против триглицериди и високо ниво на холестерол. Има одличен ефект во разложувањето и топењето на масните наслаги.

Потребни ви се само две состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот.

Потребни состојки:

400 г целер, корен и лист
1 кг лимони
2 литри вода (газирана или обична)

Постапка:

Целерот добро измијте го и исчистете го, па исечкајте го колку можете поситно. Целерот потребно е да има главица корен, но и барем една китка листови.

Ставете го целерот во 2 литри вода и половина од лимоните исечкани заедно со кората. Најдобро е да користите органски лимони, но доколку немате, истите претходно истретирајте ги во вода во која сте додале сода бикарбона.

Варете 20 минути, а потоа оставете да се лади 5-6 часа. Процедете го напитокот и додадете го исцедениот сок од останатите лимони.

Напитокот складирајте го во стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер. Се пие трипати дневно по 100 мл, 20-30 пред оброк.