Едно истражување покажало дека само една третина од популацијата е способна навреме да ги препознае симптомите кои укажуваат на оваа состојба и да започне со лекување. Станува збор за анксиозност.

Симптомите кои укажуваат дека имате анксиозност се:

– нозете и рацете ви се претежно ладни, тоа покажува дека протокот на крв не е насочен кон тие делови од телото, туку од горните и долните екстремитети кон другите органи.

– кога земате воздух чувствувате дека немате доволно кислород, па поради тоа често зевате.

– ако имате проблеми со надуеност, обидете се да избегнувате да голтате многу кислород, бидејќи тогаш цревата стануваат почувствителни.

Ако сте забележале некој од овие симптоми, консултирајте се со лекар за да може да се постави навремена дијагноза и да ви препише третман.

Опуштете се со ловоров лист!

Во древните времиња, тогашните лекари ги препознавале лековитите својства на ловорот, па го користеле во медицината. Необичниот пријатен мирис на ловорот има неверојатно смирувачки ефект врз нас, а има и многу други корисни намени.

Ловорот има силни антивоспалителни и смирувачки својства. Помага при епилепсија, но и го олеснува и дишењето.

Доколку сте под стрес, имате висок крвен притисок, несоница, ловорот може да помогне, а им се препорачува и на сите оние кои сакаат да го контролираат холестеролот!

Постојат неколку начини за консумирање на ловоров лист, можете да го додавате во јадењате, варејќи го неколку минути пред крајот.

Но, можете и да варите чај, зашто освен што е лековит напитокот, исто така и миризбата која се шири низ просторијата поволно и релаксирачки делува врз организмот. Затоа погрижете се за вашето расположение и користете ловоров лист.

Опуштете се со јога!

Овие релаксирачки пози ќе ве спасат од несоница, значително ќе ви го подобрат сонот и ќе го регулираат дишењето. Овие јога-пози го активираат парасимпатичниот нервен систем, помагаат во потиснување на стресот и придонесуваат за релаксација.

Овие 3 пози се наменети за секого, па дури и за оние кои никогаш не вежбале јога. Сè што ви е потребно е добра волја и вашата перница. Пред да започнете, направете 10 длабоки вдишувања и издишувања.

Нозете горе на ѕидот (Випарита Карани)

Легнете на грб врз перницата, кренете ги нозете кон таванот така што колената и петите да бидат на исто ниво. Рацете остануваат до телото, дланките свртени нагоре. На овој начин во нашето тело заедно со дишењето пристигнува регенерирачка енергија.

Оваа поза е идеална за оние кои поминуваат многу време на нозе. Циркулацијата на крвта се подобрува. Важно е да дишете длабоко. Останете во оваа позиција 2-3 минути. За да излезете од оваа поза, полека свиткајте ги колената и префрлете ги на едната страна. Ова е многу корисна вежба, чиј резултат ќе го почувствувате веднаш.

Табани/стапала и колена заедно (Supta Baddha Konasana)

Легнете на грб врз перницата, исто како кај првата вежба. Спојте ги стапалата заедно, движејќи ги колената на различни страни. Испружете ги рацете по телото. Останете во оваа поза 3 минути. Не заборавајте да дишете длабоко и рамномерно.

Поза на труп (Савасана)

Последнате поза направете ја пред да заспиете безгрижно. Сè уште сте на грб, нозете на ширината на рамената, рацете до телото, дланките нагоре (но не блиску до телото). Дишете слободно и длабоко, фокусирајте се на дишењето. Оставете ги вашите мисли да талкаат, а вие гледате од страна. Останете во оваа позиција 3-5 минути.

Намалете го стресот

Хроничното високото ниво на стрес негативно влијае на здравјето и работата на целиот организам. Понекогаш звучи полесно отколку што е, но навистина можете да се опуштите брзо и на едноставни начини.

Испијте шолја зелен чај

Зелениот чај е одличен извор на Л-теанин, соединение кое го намалува нивото на стрес и промовира релаксација. Зелениот чај е подобар избор од кафето бидејќи содржи кофеин, но на многу пониско ниво.

Изедете малку чоколадо

Изберете темно чоколадо кое има најмалку 70% какао. Истражувањата покажуваат дека темното чоколадо го намалува нивото на хормоните на стресот и го регулира метаболизмот.

Изедете малку мед

Ако чувствувате желба за слатки, изедете малку мед, кој има моќно антиинфламаторно дејство, го подобрува расположението и ја ублажува анксиозноста.

Медитирајте

Не мора да излегувате во природа за да ги искусите неверојатните придобивки од медитацијата. Пет минути поминати во тишина и мир се сè што ви треба за да се опуштите. Фокусирајте се на вашето дишење, рацете и нозете. Позитивниот ефект од медитацијата ќе го почувствувате многу брзо.

Дишете длабоко

Длабокото и бавно дишење понекогаш е сè што ви треба за да се ослободите од анксиозноста и грижите, како и да го подобрите вашето расположение.

Одбројувајте наназад

Кога ќе почувствувате дека ве прогонуваат стотици негативни и вознемирувачки мисли, почнете да одбројувате наназад. На овој начин ќе се опуштите и барем за момент ќе заборавите на сите проблеми кои ве мачат.

Затворете ги очите

Направете кратка пауза, затворете ги очите и обидете се да не размислувате за ништо. Затворањето на очите на кратко е одличен начин да се опуштите и концентрирате.

Масирајте ја раката

Масажата на рацете е одлична за луѓето кои цел ден го поминуваат пред компјутер. Во рацете се акумулира високо ниво на напнатост. Ставете малку крем на рацете и добро измасирајте ги.

Натопете ги зглобовите со ладна вода

Ако сте под стрес, потопете ги зглобовите во ладна вода. Намокрете го и делот зад ушите бидејќи има мрежа од крвни садови, па со ладењето на овие делови директно влијаете на работата на целото тело.

Променете ја околината

Искористете ја секоја можност и поминете време на отворено. Природната светлина прави чуда за нивото на расположение и стрес. Прошетајте 5 минути и ќе забележите дека сте почнале да се опуштате веднаш штом излеговте на чист воздух.

Погледнете низ прозорецот

Кога сè е зафатено и сте под голем стрес, одвојте малку време, погледнете низ прозорецот и набљудувајте сè што се случува.

Гушкајте се со вашето домашно милениче

Малку гушкање со вашето домашно милениче го подига нивото на хормоните на среќата, го подобрува расположението, го регулира пулсот и ја враќа самодовербата.