Зерде е традиционален турски десерт со специфична боја и вкус. За оваа комбинација можеме да му бидеме благодарни на најскапиот зачин во светот, шафранот.
Станува збор за многу мала количина, но истиот можете да купите во сите поголеми продавници за здрава храна и супермаркети. Останатите состојки се познати и лесно достапни.
Блажината на слатката зависи од вашиот вкус, па доколку сакате послатко заменете го медот со шеќер или зголемете ја дозата на шеќерот.
Исто така, доколку преферирате здрава варијанта, шеќерот исфрлете го и додадете уште мед. Ова е навистина фантастична слатка во која ќе уживате!
Потребни состојки:
1,5 чаша ориз
2 големи лажици мед
2 големи лажици шеќер
50 г ситно сечкани бадеми
4 каранфилчиња
Неколку нити шафран (еден прстофат)
Малку цимет
600-700 мл вода
Постапката погледнете ја во видеото: