Како овој зелник го добил своето име, наскоро ќе дознаете што го прочитате пописот на состојки во рецептот.
А потоа можете да се уверите дека е мекичка како душа, сочна и вкусна, а се приготвува многу брзо.
Потребни состојки: 500 г кори, 500 г сирење, 500 г спанаќ, 5 јајца, 50 мл јогурт, 50 мл масло, 5 лажици пченкарен гриз и сол и бибер по вкус
Постапка: Во соодвете сад ставете сирење, јајца, јогурт, масло, пченкарен гриз и добро измиксајте. Малку од смесата оставете на страна која подоцна ќе ја употребите за премачкивање на зелникот одозгора, а потоа додадете го ситно исечканиот спанаќ.
Земете една кора, малку премачкајте ја со масло, па преку неа ставете друга кора. Потоа распоредете дел од смесата, свиткајте и ставете во плехот за печење. Повторувајте ја постапката додека да ги потрошите користе и смесата.
Питата пред печење премачкајте ја со делот од смесата кој го оставивте на страна. Печете на 220 степени околу 30-40 минути, во зависност од вашата рерната.