ЗЕЛКА СО МЕД: Оваа облога успешно помага во лекувањето на бронхитисот и упорната кашлица. Зелката како прехрамбена но, и како лековита намирница, веројатно е позната уште многу одамна. Долги години се сметала за евтина храна која секој може да си ја дозволи.
Вистина е дека во свежа состојба изобилува со огромно количество на хранливи материи, додека при готвењето голем дел од нив се губат. Иако во најголем процент, таа е составена од вода, па така има ниска калориска вредноста, сепак претставува богат извор на низа микронутриенти.
Зелката содржи многу малку калории (во 100 г околу 25 калории), а изобилува со јаглехидрати, протеини, растителни влакна, витамин К, Ц, Б6, Б9, манган, калциум, калиум, магнезиум. Овој зеленчук исто така, содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2.
Витамините В6 и В9 се особено значајни за метаболитичките процеси и нормалното функционирање на нервниот систем. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот С.
Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство кое може да го предизвикаат слободните радикали. Слободните радикали се молекули со помал или поголем број на електрони во орбиталите, што ги прави нестабилни.
Тоа значи дека се силно реактивни. Еден од најдобрите природни начини во бор-бата со бронхитис и упорна кашлица е лекот од лист зелка со мед, оваа комбинација е моќно средство против кашлицата. Лекот може да го прочитате во продолжение:
За употреба на овој лек не постои ограничувања во консумирањето. Може да го користат и деца и возрасни. Сè што ви е потребно се 2 состојки: 1 главица зелка и мед. Подготовка на лекот: Полека извлечете еден лист од главицата зелка.
Листот треба да го ставите во врела вода да отстои неколку минути (претходно зелката треба да биде добро измиена). По отстојувањето, листот ќе омекне и ќе стане топол. Едната страна од листот премачкајте ја со мед.
Премачканата страна се става директно на гра-дите, а преку зелката се зацврстува со најлонска кеса и одозгора се покривате со шал или пешкир. Доколку кашлицата е хронична, ќе ви бидат потребни 2 ливчиња зелка.
Едниот лист се става на белите дробови, а другиот на грбот во предел на белодробието, од двете страни. Се фиксира со најлонска кеса и со пешкир/шал и се остава лекот да делува преку ноќ. Наутро кожата се пребришува со влажна крпа или се испира местото каде што биле нанесени облогите.
Доколку имате почетен бронхитис, резултатот од лекот ќе биде видлив после првата употреба. Лечењето се спроведува 5 вечери по ред и наскоро од хроничната кашлица нема да имате ни трага.
Активните состојки на медот и зелката, а покрај тоа и топлината која што се постигнува со завиткувањето придонесуваат за лекување на кашлицата и ублажување на воспалителниот процес. Медот може да го замените и со топло рицинусово масло или да го користите наизменично во третманот.