Рецептот за зелено млеко го осмисли д-р Иванка Златарска, екотоксиколог, член на БАН, член на Унијата на научници на Русија.

Рецептот за овој метод на лекување за читателите на НМД го испрати нашата читателка од Бугарија, Мариана И., за што сме и многу благодарни.

ЗЕЛЕНОТО МЛЕКО се приготвува од сирови, лупени семки од тиква. Докторката го има наречено “Антипаразитен корбитинов тиквен апсорбат во млеко”. Се консумира на празен стомак во период од 21 ден.

Ова е испробан и докажан ефикасен рецепт против паразити. Како функционира рецептот?

Млекото е омилената храна на паразитите. Кога човекот ќе го приготви зеленото млеко и ќе го испие, тие се привлечени, па заедно со млекото ќе ги апсорбираат и соединенијата кои се ослободиле од семките.

Благодарение на зеленото млеко паразитите ќе се парализираат и ќе се “откачат” од ткивото на органот на лесен и природен начин.

Семките од тиква претставуваат еден вид на “апчиња” против глисти и тении, бидејќи нивниот главен протеин, курбитинот, е активна супстанција која предизвикува парализа и смрт на сите глисти и предизвикувачи на ехинококоза, кучешка тенија, Гиардиасис, аскариди глисти, говедска и свинска тенија, трихинелоза, нематоди и незрели глисти од групата на црнодробниот метил, трематоди.

Поради својствата на зеленото млеко мртвите паразити не се задржуваат во телото и брзо се елиминираат.

Во тој случај тие не ја оштетуваат лигавицата и не ја нарушуваат нормалната работа на цревата.

За да се искористи максимално најголемото количество на корбитин, потребно е семките од тиква да бидат сирови. Супстанциите содржани во семките од тиква не предизвикуваат негативни реакции и немаат несакани ефекти.

Потребни состојки:

250 мл домашно кравјо млеко со 3,6% мм
2 супени лажици сурови семки од тиква

Постапка:

Ставете го млекото на оган да зоврие, па додадете ги семките. Оставете да врие 3 минути, а потоа намалете на тивок оган уште 10 минути. Млекото се пие топло и после половина час не смее ништо друго ниту да се јаде ни да се пие (ни вода).

После половина час испијте една лажица рицинусово масло.

Млекото се приготвува само наутро и се пие само на гладен стомак. Третманот трае 21 ден и мора да ги броите деновите од почетокот на третманот. Најдобро е да си забележувате во некоја тетратка.

Ако пропуштите само и еден ден, мора да започнете одново со одбројувањето. Потребни се редоследни 21 ден без прекини за да биде успешна терапијата.

Кога ќе го испиете млекото на празен стомак, паразитите кои изгладнеле преку ноќта, се насочуваат кон дигестивниот систем.

Преку млекото ќе се апсорбира активната состојка која се содржи во зелената обвивка на семките од тиква, а паразитите ќе се парализираат.

Млекото не треба да го загревате во микробранова печка и најдобро е да користите домашно кравјо млеко со 3,6% млечни масти (превриено). Не се препорачува трајно млеко од тетрапак.

Семките се вкусни, не мора, но препорачливо е да се изедат.

После третманот од 21 ден се прави пауза од три месеци, по што се повторува постапката. Рицинус не е задолжително да се пие секој ден, но помага како лаксатив за полесно исфрлање на паразитите од телото.

Исто така, во текот на денот, или барем три дена на гладно, пред отпочнување со третманот, да се пие чај од пелин. Не треба да се претерува со овој чај, доволни се тие три дена пред започнување со третманот.

За веганите и луѓето кои се интолерантни на млеко, може семките да ги блендираат и да ги попарат со врела вода.