Зеленчук од рерна по рецептот на мојата пријателка…Толку е вкусно ова јадење што би можела секој ден да го јадам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 брокула, мала големина (50 грама)
2 моркови со средна големина (200 грама)
1 кромид, мала/средна главица (85 грама)
250 грама компири
3 лажици маслиново масло
2 лажички пченкарен скроб/нишесте/густин
1½ лажичка мешани билки (рузмарин, оригано, мајчина душица)
½ лажичка лук во прав
½ лажичка црн пипер
½ лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Брокулата исечкјате ја на цветчиња, а останатиот зеленчук на крупни коцки со големина на залак. Сипете ги сите во подлабок сад, залијте ги со масло и промешајте.

2.Во посебен сад измешајте скроб, мешавина од билки, лук во прав, сол и црн пипер, па со омаа мешавина посипете го зеленчукот и повторно промешајте.

3.Смесата сипете ја во намастен огноотпорен сад и печете ја во загреана рерна на 200°C (400°F) 35 – 45 минути, или во печка со топол воздух (аир фраер) на 400°F 15 – 20 минути).

Постапката погледнете ја ОВДЕ.