За да го заштитите срцето навремено, а знаете дека имате фамилијарна историја со срцеви и кардиоваскуларни заболувања, потрудете се и најдете органска соја која почесто ќе ја користите во својата исхрана.

Сојата се користи како здрава храна веќе преку 5000 години. Денес од соиното зрно се добива соино млеко за кое многумина веруваат дека е поздраво од кравјото млеко, а можат да го консумираат и дијабетичарите.

Од соја се добива и соино брашно, сирење/тофу, разни сосови, паста и друго. Зрната пред варење потребно е да се натопат во млака вода за да омекнат, а потоа се варат (слично на гравот) и/или се додаваат во различни јадења.

Зошто сојата се препорачува за здравје на срцето и крвните садови?

Истражувањата покажуваат дека со консумирање на 50% помалку месо а повеќе соја во исхраната, може да се намали атеросклерозата за 50%. Исто така, ваквата исхрана ги јакне артериите и срцето, ја подобрува циркулацијата на крвта низ срцето и спречува срцеви заболувања.

Сојата го имитира својството на естрогенот

Сојата е одлична за целокупното здравје. Иако имаше голем број негативни кампањи, сепак сојата треба да ја вклучите во своето мени. Околу 172 грама соја содржат: 298 калории, 28,6 грама протеини, 10,3 грама растителни влакна, но и многу манган, железо, фосфор, витамин К, Б2 и фолна киселина. Сојата е богата со антиоксиданси, познати како изофлавони, кои се одлични за човековото здравје.

Консумирањето соја се поврзува со намален ризик од добивање рак. Голем број студии покажуваат дека консумирањето соја дава за 15 проценти помал ризик од стомачен канцер. Сојата е особено ефикасна кај жените. Една студија покажала дека таа може да заштити од рак на дојка. Сите овие здравствени придобивки се должат на фитоестрогените со кои е богата сојата.

Сојата го имитира својството на естрогенот во телото, кој за време на менопаузата опаѓа. Една студија направена на 403 жени кај кои менопаузата поминала, а кои консумирале соја две години, имале значително поздрави коски. Протеинот од сојата и фитоестрогенот исто така ги намалува шансите за срцеви заболувања.

Домашен рецепт за соино млеко и тофу сирење

Потребни состојки:

100 г непечена соја во зрно
1 лажица мед
1 литар вода
1 лимон

Постапка:

Во еден сад  ставете 100 г соја во  зрно, прелијте со половина литар вода и оставете да отстои преку ноќта. Наутро процедете ја сојата и смелете ја. Смелената смеса ставете ја во тенџере, додадете 1 литар вода и загревајте додека да зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да излади. Процедете ја течноста и засладете по вкус, бидејќи вака добиеното  соино млеко нема некој посебен вкус.

Тофу  срење:

Добиеното  соино  млеко  не го  засладувајте доколку од него сакате да направите тофу. Повторно ставете го на оган и оставете да зоврие. Зовриеното млеко тргнете го од оган и потоа додавајте 4 лажици лимонов сок на 1 литар соино млеко.
По неколку моменти  ќе забележите  дека сокот реагира со соиното млеко и дека млекото почнува да се сири. По половина час процедете го сирењето преку газа. На крај зачинете и посолете.