овој леб ќе го обожавате штом еднаш го пробате. Многу е вкусен и знаете што сè содржи, зашто вие самите сте го направиле. Многу е заситен и доволно ви е едно праче, наместо 2-3 бел леб. Освен ситост, дава и многу енергија, а помага и во подобрување на перисталтиката, т.е. природно придвижување на цревата и нивно празнење. Не пропуштајте го ниту безглутенскиот леб на Бојана (рецепт 2). Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г спелтино брашно, 500 мл кефир или јогурт, 3 супени лажици семки од сончоглед, 3 супени лажици семки од тиква, 3 супени лажици мелено ленено семе, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 супена лажица мед, 1 мала лажичка сол, 1/2 лажичка сода бикарбона, 3 супени лажици маслиново масло, и уште: мешавина од семки за наросување одозгора

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 мала лажичка сол, 2 супени лажици маслиново масло, 250 г овесни снегулки (ситни), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 500 г сирење со 3% млечни масти, семки: сусам, ленено семе, сончоглед, тиква и др.




ПОСТАПКА за рецепт 1: спелтиното брашно сипете го во подлабок сад (може да се најде во подобро снабдени продавници за здрава храна и супермаркети). Додајте една лажичка сол, три супени лажици семки од сончоглед, три супени лажици семки од тиква, три супени лажици мелено ленено семе, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и половина лажичка сода бикарбона.




Промешајте ги сувите состојки со лажица, добро да се измешаат и изедначат пред додавањето на влажните состојки. Потоа додајте една супена лажица течен мед, половина литар течен, густ јогурт или кефир и три супени лажици маслиново масло. промешајте добро со лажица.




Состојките многу брзо се изедначуваат, а брашното ја впива сета влага, само проверете да не ви останале некои суви грутчиња. Еден помал огноотпорен сад или калап за леб/ролат обложете го со хартија за печење и со лажица префрлете го целото тесто.




Добро израмнете го со лажицата, така да се пополнат сите празнини, па одозгора наросете го со мешавина семки и семе по ваш избор и уште еднаш натапкајте со лажица за да се налепат семките.

Печете 40-45 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. печениот леб извадете го на решетка да се лади, а потоа сечете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи постапката за вториот рецепт, за здрав безглутенски леб:




ПОСТАПКА за рецепт 2: во подлабок сад скршете три јајца, додајте една лажичка сол, па кратко изматете ги со виљушка или кујнска жица-маталка. Додајте меко сирење кое содржи најмалку млечни масти (3%), па промешајте додека да се соедини со јајцата.




Во смесата додајте ги овесните снегулки, две супени лажици маслиново масло, една кесичка прашок за печиво, па рачно промешајте со лажица или кујнска шпатула додека да се соединат. Во калапот за леб (тесен, долгнавест и длабок) ставете хартија за печење која претходно малку сте ја изгужвале низ раце за да омекне.




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Излејте ја целата смеса во калапот, рамномерно распоредете ја и израмнете. Одозгора наросете семе и семки по ваш избор, па ставете да се пече во загреаната рерна 40-тина минути. Печениот леб оставете го барем половина час да се олади на решетка, па дури потоа сечете го. Деталите од видеопрезентацијата погледнете ги ОВДЕ, а повеќе објаснување за тоа што значи безглутенски леб и зошто е корисен – ОВДЕ.