Home закуска Затворена пица со меко тесто и богат фил – рецепт што секогаш...

Затворена пица со меко тесто и богат фил – рецепт што секогаш исчезнува од трпезата

Ако барате универзален домашен рецепт што изгледа импресивно, а се подготвува без скапи апарати или комплицирани техники, оваа затворена пица е совршен избор.

Комбинацијата од меко ферментирано тесто, кремаст фил од компир, зеленчук и кашкавал и златно запечена кора ја прави идеална и за семеен ручек, и за гости, но и како паметна идеја за економичен, а луксузен оброк, пишува НМД.

Ова е тип на рецепт што читателите го зачувуваат, повторуваат и го споделуваат! Еве што ви е потребно:

🟨 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

🔹 За тестото:
• 300 г брашно
• 1 лажичка сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 180 мл млако млеко
• 1 лажичка сол
• 1 лажица путер

🔹 За филот (по избор – предложена комбинација):
• 1 главица кромид
• 2 моркови
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 300 г варен компир
• 2–3 лажици екстра девствено маслиново масло
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• околу 100-150 г рендан кашкавал
• свеж магдонос
• НМД

🔹 За премачкување:
• 1 жолчка
• семе по избор (мак, сусам)

🟨 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

1. Во сад ставете го брашното, додајте го сувиот квасец, шеќерот и солта. Сипете го млакото млеко и додајте го путерот.

2. Замесете меко и еластично тесто. Покријте го и оставете да ферментира додека да го удвои волуменот (околу 45 минути).

3. Во меѓувреме подгответе го филот. Зеленчукот ситно исечкајте го.

4. Во тава загрејте малку маслиново масло, додајте го кромидот, па пиперките и ренданиот морков. Пропржете кратко, додека да омекнат. Зачинете со сол и црн пипер.

5. Варениот компир испасирајте го, зачинете по вкус и соединете го со пропржениот зеленчук. Додајте го кашкавалот и убаво измешајте. Од смесата обликувајте компактна топка.

6. Стасаното тесто кратко премесете го и со рака сплескајте го во круг. Во средината ставете ја топката од фил.

7. Обвиткајте го филот со тестото и добро затворете. Нежно притиснете со дланката за филот рамномерно да се распореди – ќе добиете форма на затворена пица.

8. Префрлете во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и посипете со семе по желба.

9. Печете во загреана рерна на 180 °C, околу 20 минути, додека да добие убава златна боја. По желба посипете уште малку кашкавал и вратете уште 2-3 минути, колку да се растопи.

10. По печењето, посипете со свеж магдонос и послужете топло.

🟨 СОВЕТ ЗА СЕРВИРАЊЕ

Ова јадење одлично се комбинира со домашен јогурт (рецепт), свежа салата или чаша квалитетно маслиново масло – идеално за оние што внимаваат на изборот на намирници и квалитетот на исхраната.

Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: