Лековитата крема од банани е одлично природно средство против кашлицата, чија ефикасност е проверена и во лекувањето на упорната кашлица и бронхитис.
Особено е делотворна кај децата, но и кај возрасните.
Вкусна е, здрава, многу хранлива и благотворно делува на желудникот.
Ако вашето дете го мачи болното грло и кашлицата, задолжително пробајте да ја направите оваа чудесна крема!
Многу едноставно се подготвува.
Крема од банани против кашлица – рецепт:
Потребни состојки:
-2 средни зрели банани
-2 лажици шеќер или мед
-400 милилитри зовриена вода
Начин на подготовка:
Излупете ги бананите. Добро изгмечете ги со вилушка или лажица, најдобро дрвена. Додадете го шеќерот и добро помешајте. Полијте ги со зовриената вода, поклопете ги и оставете да отстои 30 минути.
Ако користите мед него додајте го на крајот, кога смесата ќе се олади. Смесата прецедете ја низ пластична цедалка. Секогаш загрејте ја смесата и конзумирајте ја 4 пати дневно (околу 100 милилитри). Секој ден направете нова доза – лесно е!
За неколку дена кашлицата би требало да престане.