Home Рецепти Запечени пиперки со фил од сирење, нема подобар рецепт!

Запечени пиперки со фил од сирење, нема подобар рецепт!

Може да се послужат како предјадење, прилог со главното јадење или за вечера, превкусни се!

Потребни состојки: 3 пиперки поголеми, 200 г сирење ситно издробено, 50 г сланина ситно сечкана, 1 јајце, 50 г кајмак/кисела павлака, 1 лажица сисам, 1 лажица ленено семе и масло за наросување

Постапка за приготвување: Пиперките исечете ги надолжно на половина, така да добиете “чамци” и исчистете ги од семките.

Сирењето ситно издробете го и со виљушка спојте го со кајмакот. Пробајте за сол, па доколку сирењето не е солено – посолете.

Потоа скршете јајце па и него промешајте го, па додадете ги семињата и ситно сечканата сланина.

Добро изедначете ја смесата па полнете ги пиперките.

Одозгора наросете малку масло и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или во зависност од вашата рерна.