Закуските со модар патлиџан и главните јадења се едни од омилените јадења во овој период од годината. Освен што модриот патлиџан е многу здрав, тој е потребно максимално да се искористи во кратката сезона која го има, раната есен.




Од модар патлиџан можат да се направат различни јадења, од кремасти салати, до похувани парчиња патлиџан, па сè до манџички и мусака. Во продолжение може да го прочитате рецептот за доматна чорба, која наместо со ќофте се подготвува со модар патлиџан.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 модри патлиџани, 2 чешниња лук, 1 парче моцарела, 500 мл доматен сос, сол, црн пипер, оригано, маслиново масло. ПОСТАПКА: Модрите патлиџани добро измијте ги под млаз ладна вода, па исечкајте ги на подебели кругови со дебелина од еден прст.




Модрите патлиџани ставете ги во еден сад и наросете врз нив малку сол. Прелијте со вода на собна температура и оставете да се киснат 10 минути во водата. Потоа извадете ги на хартија и исушете ги. На тенџере со малку маслиново масло, ставете на рингла да се загрее.




Пржете ги доматите во неколку наврати, додека ги испржите сите парчиња од двете страни. Секој домат треба убаво да зарумена и да фати коричка. Потоа тргнете ги настрана и во истото тавче пропржете ситно сечкани чешниња лук.




Кога лукот ќе порумени, додајте го доматниот сос и гответе на средна температура додека убаво да се згусне. Зачинете по ваш вкус со следниве зачини: сол, црн пипер, оригано и црвена зачинска пиперка. Во згуснатиот сос, додајте ги модрите патлиџани и гответе уште 3-4 минути додека тие да попримат од сосот.




Врз секој модар патлиџан ставете по 1 парче сечкана моцарела и оставете да се растопи. Доколку сакате, за јадењето да биде позаситно, може да додадете и мелено месо, кое треба да се испржи пред да го додадете доматниот сос. Во продолжение прочитајте го рецептот за похувани модри патлиџани:




Потребни состојки: 1 среден модар патлиџан, 3 јајца, 150 г брашно, 100 г презла, 150 г инстант пире (изборно, не мора), сол, масло. Постапка: Модриот патлиџан измијте го, не треба да го лупите, исечете го на тенки ленти, посолете и оставете да отстои околу 20 минути. Исцедете го од водата што ќе ја пушти.

Во посебен сад изматете јајца, малку посолете, а во друг, посебен сад измешајте ги презлата и инстант пирето. Секое парче прво валкајте го во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во мешавината од презли.

За пржење во тава потребно ви е околу 500 мл масло бидејќи треба да пржи во длабоко масло. Загрејте и намалете ја температурата на умерено, па спуштајте ги парчињата, пржете од двете страни додека да порумени. Не ја преполнувајте тавата за да не се намали одеднаш температурата на маслото.

Вадете на хартиени салветки да се исцеди вишокот маснотија. За да не впиваат многу маснотија, во маслото ставете 2-3 зрна грав или во јајцата додајте половина капаче ракија. За оние што одбегнуваат пржено, може да ги приготвите во рерна, каде има помалку работа:

Само наредете ги врз хартија за печење, малку попрскајте со масло и печете ги во загреана рерна на 220 степени. Во текот на печењето секое парче превртете го и од другата страна за еднакво да се испече. Потребно е најмногу околу 20-25 минути додека да заруменат од двете страни. Деталите од постапката од првиот рецепт погледнете ги во видеото ОВДЕ, а од вториот ОВДЕ.