ЗАМБОНОПИТА…Брза пита со шунка и сирење…Многу вкусна, одлична за појадок или вечера, а ние ја јадеме и за ручек…

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 чаша урда/крем сирење или кисела павлака
1/2 чаша млеко
2 лажици маслиново масло
1 чаша брашно
2 лажички прашок за печиво
сол, црн пипер по вкус
150 г ситно сирење
1 чаша рендан кашкавал/моцарела
150-200 г рендана/ситно сечкана шунка
1 лажица рендан пармезан

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450 г готови кори
2 јајца
200 мл цврст јогурт или кисела павлака
200 мл млеко
80 мл масло
1 прстофат шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво 7 г
1 лажица брашно
100 мл вода

За фил:
350 г сечкана или рендана шунка
200 г рендан кашкавал / гауда + 6-7 парчиња
сусам за посипување одозгора
Се пече на 180-200 степени додека да зарумени

ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 1:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете плех 23х33 см со хартија за печење. Измешајте јајца, урда, млеко имаслиново масло. Додајте брашно, прашок за печиво, сол и црн пипер.

Кога ќе добиете мазна смеса без грутчиња, додајте сирење, кашкавал и шунка и промешајте. Сипете ја смесата во подготвениот плех, израмнете и одозгора испрскајте со малку маслиново масло.

Посипете пармезан и печете 45-50 минути, додека да позлати. Оставете 10 минути да подизлади во плехот, па извадете го и оставете да се доизлади пред сечење.

ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2:

СИТЕ ГО БАРААТ ОВОЈ РЕЦЕПТ…Најубавата пита направена од готови кори, поради неа ќе го прескокнете и бурекот…