Јапонските научници направиле истражување за влијанието на димот од цигари кај децата. Па така, кога ги споредиле податоците од децата во пушачки и децата во неупушачки семејства, научниците утврдиле дека изложеноста на дим кај четиримесечните бебиња го удвојува ризикот од појава на кариес.

 

Пасивното пушење ги расипува детските заби.

Резултатите од најновото истражување на јапонските научници кое е објавено во списанието British Medical Јournal, покажуваат дека изложеноста на димот од цигари дури и кај четиримесечните бебиња ја удвојува опасноста од појава на кариес кај млечните заби кои допрва треба да никнат.

Експертите ја анализирале здравствената состојба на повеќе од 75 000 деца помеѓу 2004 и 2010 година, како и податоците од редовните контроли на 0,4,9,18, месеци и 3 години. При прегледот, мајките морале да ги пополнат прашалниците за степенот на изложеност на детето на дим од цигари, во текот на бременоста па до третата година на детето. Било утврдено дека пушачи имало кај повеќе од 50% семејства, кај 6,8% од децата биле утврдени директни последици од пасивното пушење, додека во 13 000 случаи е констатиран кариес на млечни заби.

Споредбените податоци за децата од пушачките и непушачките семејства, утврдено е дека изложеноста на дим од цигари кај четиримесечните бебиња го удвојува ризикот од кариес. Иако истражувачите се’ уште не можат да ја објаснат врската помеѓу цигарите и кариесот кај децата, сепак пронашле уште еден доказ за негативните ефекти од пасивното пушење.