Многу луѓе кога се соочуваат со здравствени проблеми посегнуваат по ле.кови. Овие лекови го прават проблемот посериозен. Без оглед на видот на здравствениот проблем, треба да се потпрете на природата.
Ова е едно од најлековитите растенија – мајчина душичка. Мајчината душичка е билка која има способност да го подобри вашето здравје. Ова растение е природен извор на минерали како што се железо, калиум и калциум.
Мајчината душичка има бројни лековити својства, меѓу кои: помага во лекување на ревматичен артритис, ја смирува кашлицата и бронхитисот, го регулира кр-вниот притисок, третира хронична исцрпеност и астма.
Исто така, го стимулира формирањето на црвени кр-вни зрнца, помага при честа вртоглавица (вертиго) и мултипла склероза. Редовното кон-сумирање на оваа билка има големи здравствени придобивки, а може да се пие и превентивно.
Потребни состојки: грст мајчина душичка (свежа или сува), 1 шолја вода, мед (по желба). Постапка: Едноставно, исчистете ја мајчината душичка и ставете ја во чинија. Зовријте ја водата и во неа додајте ја мајчината душичка.
По неколку минути отстојување на чајот, процедете го. Ако сакате да го засладите, додајте мед. Кон-сумирајте секојдневно и ќе бидете презадоволни од резултатите. Ова е многу едноставен лек кој се пие и превентивно за смирување.
II РЕЦЕПТ: Сируп од мајчина душичка и ѓумбир за брзо стопирање на кашлицата уште од првиот ден. Овој рецепт ја спречува кашлицата уште од првиот ден на користење – еве како едноставно се приготвува.
Домашниот сируп од мајчина душика и ѓумбир, велат дека кашлицата ја лекува како од шега. Низ И нтернетот кружи овој рецепт, а луѓето велат дека им помогнал уште првиот ден кога започнале да го користат.
Потребни состојки: ¾ чаша мед, 1,5 чаша вода (додајте повеќе ако сакате да го разредите кога сирупот ќе биде готов), 2 полни раце свежа мајчина душичка, 1 парче од 4 цм свеж корен од ѓумбир.
Постапка: Во вода ставете мајчина душичка и ѓумбир и почекајте да зоврие, па потоа оставете да крчка уште 5-10 минути. Потоа тргнете од оган, додајте мед кој нежно ќе го разматите во сирупот, па оставете да отстои половина час до еден час.
Потоа складирајте го сирупот во шише или тегла и чувајте го во фрижидер. Начин на дозирање за возрасни: 3-5 лажици на ден. За деца: 3-5 лажички на ден, со консултација на лекар.
III РЕЦЕПТ: Сируп од мајчина душичка, се пие како сок а лекува нервоза, с трес и несоница
Потребни состојки: 5 полни раце мајчина душичка (може и повеќе), 2,5 литри вода, 1,5 кг интегрален шеќер (или мед по вкус), 3-4 лимети или лимони, 1 лажица лимонска киселина.
Постапка: Наберете ја мајчината душичка кога е расцветана, на сончево време. Растресете ја врз чист чаршав или работна површина за да ја исчистите од евентуални бубачки, но немојте да ја миете.
Прелијте ја со ладна вода и оставете така да стои 24-48 часа. Потоа добро процедете ја течноста низ газа, а билката добро исцедете ја. Течноста прелијте ја во тенџере и додајте го шеќерот. Потоа загрејте до вриење и варете 5 минути.
Додајте го сокот од исцедени лимети, а доколку немате лимети (зелени лимони), тогаш исцедете обични лимони. Но, тие имаат своја посебна арома која одлично си одговара со мајчината душичка, па добро би било да се потрудите да најдете лимети.
Во меѓувреме пригответе чисти и стерилизирани стаклени шишиња во кои ќе го складирате сирупот. Најдобро е претходно да се загреат во рерна на приближно 75 степени.
Складирајте го сирупот во топли шишиња и веднаш затворете ги. Од оваа количина се добиваат 3 литри сируп на разредување. Кога го користите, овој сируп разредете го со вода во однос по желба.
Може да го пиете кога сте нервозни или под с трес, но во него можете да уживате кога било. Додајте коцка мраз и парче лимета, па освежете се за време на врелите летни денови. По желба во овој сируп можете да додадете и нане. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска