Постапката за чистење на црниот дроб е една од најефикасните методи за закрепнување на организмот и ослободување од хронични болести и токсини.

Затруеноста на организмот го успорува механизмот за самоизлекување и ја намалува ефикасноста на лековите.

Црниот дроб е чистач на крвта (ги елиминира сите токсини), па доколку е преоптеретен тој не може да си ја обавува нормално својата функција. Затоа е потребно повремено да се одмора, а уште подобро да се прочистува.

Оттаму е јасно дека чистиот црн дроб значи здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.

КАКО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКОТО СУВО ГРОЗЈЕ?

Чистењето на црниот дроб со суво грозје започнува со одење на пазар – за да го одберете вистинското. Ова е многу важно, затоа што денес многу тешко може да се најде непрскано грозје и нетретирано со сумпор диоксид. Не го купувајте многу светлото, златножолто суво грозје.. Неговата светла боја е токму резултат на третманот со сумпор-диоксид.

Не го купувајте ни многу сјајното суво грозје, затоа што и тоа е хемиски третирано. Квалитетното, органско суво грозје без хемија е без сјај, збрчкано, не премногу меко, но не и премногу тврдо. Зрната треба да бидат очувани, неоштетени.

Добрите зрна од сувото грозје мораат да имаат окер или кафеава боја (зависи од сортата). Исто така постои и црно суво грозје со синкава нијанса, која се добива од темните сорти винова лоза.

Кога го одбравте вистинското суво грозје –можете да започнете со подготовка на рецептетот за чистење на црниот дроб.

РЕЦЕПТ

Наутро потопете половина чаша суво грозје во топла вода и оставете да отстои 15-тина минути. Потоа исплакнете со вода. Измиеното суво грозје повторно ставете го во чаша и дополнете со дестилирана вода на собна температура. Оставете до следниот ден.

Следното утро, на гладно, испијте ја водата и изедете го сувото грозје.

Легнете во кревет за еден-два часа и ставете топла облога (термофор) на десната страна од стомакот.

Оваа постапка се прави еднаш неделно во текот на еден месец (4 пати во месецот), двапати годишно.