Домашна пита со рачно развлекувани кори
Едноставен, наградуван рецепт со совршено крцкава текстура
Оваа домашна пита е доказ дека од најосновните состојки може да се добие врвен резултат.
Со тесто што лесно се развлекува, богато премачкување и класичен фил од блитва (или спанаќ) и сирење, ќе подготвите пита со слоевита структура и вкус што потсетува на бурек — без сложени техники.
Рецептот е јасен, сигурен и погоден и за почетници, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тесто
• 300 мл вода (на собна температура)
• 1 лажичка сол
• 600 г бело пченично брашно (тип 400, приближно)
За премачкување
• 125 г путер или маргарин
• 100 мл масло
За фил (по желба и вкус)
• 350–400 г блитва или спанаќ
• 400 г бело сирење
Начин на подготовка
1. Во длабок сад сипете ја водата, додајте ја солта и постепено додавајте брашно, замесувајќи тесто со средна цврстина. Количината на брашно може малку да варира, зависно од квалитетот.
2. Префрлете го тестото на лесно набрашнета работна површина и месете додека да добиете мазно и еластично тесто.
3. Ставете го тестото во најлонска кеса и оставете го да одмори 30 минути.
4. Потоа поделете го тестото на 8 еднакви делови и оформете топчиња.
5. На намастена површина, секое топче малку развлечете го со оклагија, наредете ги во намастен сад и покријте ги со фолија или кеса. Оставете ги да одморат уште 15–20 минути.
6. Во меѓувреме подгответе го филот: ситно исечкајте ја блитвата (или спанаќот) и измешајте ја со издробеното сирење.
7. На намастена работна површина, со раце внимателно истенчувајте една кора. Не мора да биде многу голема. Потоа со рацете малку потегнете ја од сите страни.
Премачкајте ја со растопен путер и масло, па преклопете ја во мало пакетче, од едната страна и од другата како долгнавест правоаголник, па потоа уште еднаш, да добиете коцка. Повторете ја постапката со сите осум кори.
10. Обложете плех 40х40 со хартија за печење. Ставете ја првата кора во плехот и со раце истенчувајте ја директно во плехот, колку можете повеќе, без дополнително додавање маснотија. Рерната вклучете да се загрева на 200 °C.
11. Втората кора истенчувајте ја на масата и префрлете ја врз првата и издолжете колку можете. Распоредете фил рамномерно, па ставете кора врз филот.
12. Продолжете на ист начин додека да ги искористите сите кори (две кори, па фил). Со последната кора затворете ја питата и нежно истенчувајте ја со раце. Премачкајте ја со маснотија.
13. Печете во претходно загреана рерна на 200 °C, 25–30 минути, додека да добие златножолта и крцкава површина.
14. Оставете кратко да се излади, исечете и послужете.
Совет: Питата може да се подготви и без фил, како празна варијанта со изразена лисната структура.
Пријатно! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































