ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 белки, 250 г шеќер, 300 г ореви (или печени и лупени лешници), 3 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво.
За крем: 10 жолчки, 220 г шеќер, 3 кесички пудинг од ванила (3х40 г), 1 лажица густин, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 литар млеко, 250-270 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење. И уште: 200 г чоколадо за глазура
ПОСТАПКА: Изматете ги белките во цврст снег, додајте шеќер и матете додека да се растопи шеќерот и да се добие густа смеса (снег). Со лажица додајте брашно помешано со прашок за печиво.
На крај промешајте ги мелените ореви или лешници. Внимавајте смесата да остане пенеста и воздушеста, мешајте со превртување на лажицата додека да се изедначат состојките.
Добиената смеса излејте ја во плех 20х30 см обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 150 степени околу 40 минути или по потреба, зависи како ви пече рерната. Изладениот бисквит пресечете го на два дела.
ЗА ФИЛ: Од литар млеко извадете доволно колку да се размати прашокот за пудинг заедно со шеќер, жолчки и густин, да се добие мазна смеса без грутки.
Остатокот од млекото ставете го на оган да се свари, па кога ќе проврие додајте ја смесата со разматениот пудинг и намалете ја температурата. Варете неколку минути со постојано мешање додека да згусне.
Кремот се остава да излади покриен со проѕирна фолија за да не фати коричка на површината или претурете го во друг сад и повремено промешувајте го за побрзо да се олади.
Во изладениот крем додајте пенесто изматен путер, претходно омекнат на собна температура. Сварениот пудинг мора да биде оладен на иста собна температура како и путерот во моментот на соединување.
Добиениот крем поделете го на два еднакви дела, а во едниот дел додајте и промешајте го со топено чоколадо. Потоа можете да започнете со филување на тортата. Ако сакате бисквитните кори да ви бидат посочни, обезбедете и малку млеко за натопување.
На тацна редете: кора (јас ја натопив со малку чоколадно млеко), па жолт крем, па кафеав крем и на крај поклопете со втората кора. Најодозгора ставете глазура онака како што си ја правите вообичаено.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МИЊОН ТОРТА: Прва кора со ореви, втора кора со лешници, трета кора со бадеми, а за филот немам зборови, треба да ја пробате, зашто не се опишува“ – ОВДЕ.