Очите се еден вид на фотоапарат кој ги регистрира појавите, предметите, ликовите и разните случувања околу нас. Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај ’рбетниците е прием на дpaзбите на светлината, нивно проследување и процecирање до мозокот, по што се создава слика.




Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дpaзбите на светлината, очите служат како peцептори и opгани на ceтилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите.

Д-р Марио Лабудовиќ повторно откри еден многу интересен совет за подобрување на видот. Тој вели дека секојдневно го користиме, но во последно време, ние не ги тренираме очите, а пред нас постојано гледаме во телевизиските екрани, мобилниот, лап топот, таблетот и др…




„Очите се замоpyваат по долго гледање во екран од блиску. Можеби на помладите тоа не им пречи, но возрасните можат да ги забележат проблемите кои се јавуваат после долгодишно седење пред екраните, кои за жал станаа секојдневие во нашиот живот.“




Поконкретно, нашите очи ја примаат светлината преку рожницата, проѕирно стакло на апаратот. Рожницата се смета за проѕирна стаклена површина која ја одредува количината на светлина која доаѓа преку зеницата.




Леќата има функција да фокусира, а фотосензитивната станица претставува мрежницата која делува како филм на еден фотоапарат. Овие сигнали потоа се испраќаат до мозокот кој адекватно ја формира нашата слика.

Д-р Марио советува секојдневно да ги тренирате очите со неколку едноставни вежби кои може да ги правите во домашни услови. Нема да ви одземат многу време бидејќи секоја вежба трае од 30-60 секунди.




1.ЗАТВОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ. Држете ги очите затворени 60 секунди и ќе почувствувате олecнување на очниот капак. Оваа вежба може да ја правите во секој момент кога ќе се почувствувате изморени во текот на денот.




2.КОНСТАНТНО ТРЕПКАЊЕ. Трепкајте постојано со очите во период од 60 секунди. Трепкањето ја cтимулира циркулацијата и функцијата на очите. Вежбата може да ја прилагодите од 30-60 секунди, но најдобро е доколку ја правите подолго.




3.ГЛЕДАЈТЕ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ ПРЕД ВАС ДОДЕКА ЈА ВРТИТЕ ГЛАВАТА ВО РАЗНИ НАСОКИ. И оваа вежба се изведува 60 секунди. Погледот го фокусирате во еден правец, а главата ја вртите горе, долу, лево и десно без да го поместувате погледот.




4. ДВИЖЕТЕ ГИ ОЧИТЕ ЛЕВО-ДЕСНО. Тренирајте ги очните мускули со лево-десно гледање, 60 секунди.

5. ПЕТТАТА ВЕЖБА Е ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИСТОТО ДВИЖЕЊЕ, НО ВО НАСОКА ГОРЕ-ДОЛУ во истиот временски интервал.

6. ГЕОМЕТРИСКИ ДВИЖЕЊА. Правете кружни или квадратни движења со очите. А последната вежба од препорачаните на д-р Марио се смета за најефикасната вежба која треба секојдневно да ја практикувате.

7. ГЛЕДАЊЕ НА ДАЛЕКУ. Постојано сме под притисок да гледаме од блиску. Телефоните, телевизорот и компјутерот ги заморуваат очите кои подоцна прават проблем на гледање на далеку. Најдобриот начин за изведување на оваа вежба е да излезете во природа како парк или шума и да се фокусирате на нешто подалечно отприлика од 20, 30 или 40 метри.

Гледајте го предметот 60 секунди, а потоа одморете. Доколку поради Х причини не можете тоа да го направите во природа, застанете покрај прозор и фокусирајте се на некоја зграда, прозор, дрво во далечината. Помеѓу секоја вежба може да правите паузи. Деталите од целиот говор на д-р Марио може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.