Лабораториските истражувања покажуваат дека со редовно консумирање на боровинките може значително да се намали салото во централниот дел од телото. Ова сало всушност, се смета за најопасниот непријател на човековото здравје.
Темата на една од последните студии спроведени на Универзитетот во Мичиген била поврзаноста помеѓу намалените масни наслаги на стомакот и зголемениот внес на боровинки во исхраната.
Експертите од Истражувачкиот центар за кардиоваскуларни болести при тој универзитет тврдат дека боровинките се одличен сојузник во борбата против салото, но и дека можат да бидат многу корисни во превенција на метаболички синдром, заболување на срцето и крвните садови.
После 90 дена “диета” со боровинки, научниците констатирале дека масните наслаги во абдоминалниот дел се намалени, а исто така се намалило и нивото на триглицериди, а се подобрила реакцијата на инсулин.
Со само три седмици секојдневен внес на сок од ова овошје се доволни да се контролира глукозата и инсулинот во организмот да се поправи, тврдат американските експерти.
Боровинките во 100 г имаат 57 калории и 87% вода, што ги прави идеален сојузник на витката линија. Докажано се намалува стресот и напнатоста, а тој е директно поврзан со слабеењето.
Познато е дела лицата кои се под стрес имаат неправилна работа на хормоните со што се блокира процесот на слабеењето.
Содржат влакна кои поттикнуваат дигестија, ја менуваат цревната флора и го забрзуваат метаболизмот.
Лекарите препорачуваат по една рака боровинки дневно. Покрај тоа, од овие бобинки можете да правите и сок без дополнителни шеќери и ќе го имате истиот ефект.
Бидете повеќе физички активни, хранете се поздраво и внесете повеќе свежо овошје и зеленчук, па покрај боровинките можете да изградите тело во топ форма. Бидете здрави!