I РЕЦЕПТ / НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ
Чили пиперката или лутата пиперка во комбинација со маслиново масло е многу моќен природен лек против б олки во коски, зглобови и мускули кој се користи во период од два дена.
Чилито е богато со капсаицин, многу корисна состојка која се наоѓа во состав на бројни фармацевтски производи, а има својство да ги олеснува и да ги блокира б олките во телото. Маслото од чили се користи кај ревматски б олки, невралгии, артритис, б олки во вратот, лумбаго и други состојби.
Потребни состојки: 100 мл маслиново масло, 2 чајни лажички мелено чили
Постапка: во стаклена тегла ставете 100 мл маслиново масло и додајте две чајни лажички мелено чили. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Теглата добро затворете ја со метален капак, па ставете ја во тенџере во кое врие вода.
Водата не треба многу силно да врие. На овој начин индиректно ќе се загрее маслото и ќе го извлече капсаицонот од чили пиперката. Потоа оставете да отстои 2-3 седмици на топло место со повремено протресување.
После овој период процедете ја содржината во сад со темно стакло и вашето лековито масло можете да го користите.
Употреба: Користете го за мачкање на болните места два до трипати дневно. Маслото од чили се мачка во период од два дена, а потоа се прави пауза од две седмици.
Маслото е силно, предизвикува силна микроциркулација и забрзување на локалниот метаболизам и може да предизвика иритација на кожата, па затоа се препорачува пауза после континуирано користење од два дена.
II РЕЦЕПТ / НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ
Втријте го ова масло во зглобовите и б олката ќе исчезне во рок од неколку минути
Експертите велат дека многу луѓе па-тат од б олки во грбот, колената, нозете, рачните и скочните зглобови – особено повозрасните лица.
За жал, постојат бројни здравствени состојби кои предизвикуваат б олки во зглобовите како остеоартритис, ревматоиден артритис, бурзитис, гихт, дислокација и разни други пов-реди.
Кога постои пов-реда на некој зглоб, особено во грбот, во голема мера е отежнато секојдневното нормално живеење и функционирање. Со б олки во грбот многу е тешко седнувањето, станувањето, движењето, па дури и стоењето.
Некои типови б олки во нозете се поврзуваат со проблеми во долниот дел од ‘рбетот, а може да се појават поради лоша циркулација, прекумерен притисок и дирекна пов-реда на зглобовите, коските, лигаментите, тетивите или друго меко тркиво.
Ова е рецепт за едно доста едноставно а ефикасно масло со чија помош може да се третираат б олните зглобови или б олките во грбот. За 15 минути доаѓа до зголемување на микроциркулацијата, поголема размена на материите во ткивото и олеснување на б олките.
Потребни состојки: 1 лажица кајенска или лута црвена зачинска пиперка во прав и 50 мл маслиново масло
Постапка: маслиновото масло малку загрејте го, колку да стане издржливо топло, а потоа додајте ја црвената пиперка во прав и мешајте додека целосно да се изедначат.
Маслото нанесете го на б олниот зглоб или грбот и фиксирајте со проѕирна фолија и шал. После 15 минути исплакнете со млака вода. Ќе се чувствувате добро уште при првото нанесување. Повторете ја постапката 2-3 пати додека целосно да исчезне б олката.
КАКО ФУНКЦИОНИРА?
Капсаицинот кој се содржи во кајенскиот пипер го исцрпува невротрансмитерот по име “супстанција П” заслужен за испраќање на сигнали за б олка до мозокот. Значи кога ќе се блокира П, мозокот не регистрира дека нешто б оли, па лицето не чувствува б олка.
ПОСЕТЕТЕ ЛЕКАР ДОКОЛКУ: имате температура која не е поврзана со симптоми на грип; сте ослабеле околу 5 килограми или повеќе без диета или вежбање; вашите б олки во зглобовите траат подолго од три дена; имате силни, необјасниви б олки во зглобовите.
Исто така, не треба да се грижите доколку почувствувате топлина и пецкање после првата употреба. Тоа чувство ќе исчезне после 5 минути.
Доколку имате чувствителна кожа, ова масло користете го со внимателност. Секогаш носете ракавици додека ракувате со лутиот пипер во прав и одбегнувајте било каков контакт со очите. Не го нанесувајте на отворени ра-ни.