Тренингот трае само 7 минути, а резултатите се загарантирани!
Витките и затегнати нозе се сон на секоја жена, а со овој тренинг е можно да се постигнат одлични резултати.
Одлично е што не одземаат премногу време, ќе треба да одвоите само 7 минути дневно, а вежбите не се тешки за изведување.
Ако го изведувате овој тренинг секој ден, ќе ги забележите првите резултати за само 2 недели. Овие вежби имаат насочен ефект врз мускулите на нозете, активирајќи ги секој поединечно, од листовите до задникот.
Со овој тренинг нема да стопите многу килограми, но ќе добиете изглед на затегнати и вретенести мускули. Наменети се првенствено за оние луѓе кои сакаат да ги обликуваат нозете, а доколку сакате да ги стопите маснотиите од бутовите, најдобро би било овие вежби да ги комбинирате со кардио тренинг.
Не чекајте веќе ниту една минута, туку започнете со вежбање и за 2 недели ќе бидете позадоволни од вашиот изглед во огледалото. Погледнете го видеото за да ги дознаете вежбите: