Подуениот стомак може да биде како резултат на повеќе причини, од кои, во последно време најзастапена причина за подуеност е Хеликобактер Пилори.
Хеликобактер најчесто се развива кај жените, но не се исклучок ниту мажите. Сепак, постојат и други причини.
Една од нив е неправилното варење на храната, како резултат на неизбалансираната исхрана. Доколку се соочувате со ваков проблем, рецептот подолу би можел да ви помогне!
Потребни состојки:
1 краставица со средна големина, излупена и тенко исечена на кругови
1 лимон со средна големина, тенко исечкан на тркалца
1 лажица рендан ѓумбир (свеж)
12 листови нане
2 литри вода
Постапка и употреба:
Состојките ставете ги во блендер и изблендирајте на највисока брзина.
Пијте по 8-10 чаши дневно.
Напитокот содржи моќни состојки кои ја поттикнуваат дигестијата и го спречуваат апетитот, опстипацијата и подуеноста на стомакот.
Напитокот е најдобро да се приготвува на дневна основа, наутро, за секогаш да биде свеж.
Во периодот помеѓу консумација, напитокот чувајте го во фрижидер.