Ако не знаете што да направите денес за десерт, ова е вистинскиот погодок. Многу, едноставно и вкусно, а сепак се разликува од класичните торти и колачи. Станува збор за познатото пудинг лепче, но овој пат наместо во рерна се подготвува во тавче.




Многу побрзо, а повкусно. Може да го правите со банани, малини, јагоди или некое друго овошје по желба, а во овој рецепт е прикажана варијантата со банани која е подеднакво многу вкусна. Не треба да купувате многу работи, потребни ви се само неколку состојки.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани, 2 јајца, 200 мл млеко, 50 г шеќер, 5 г сол, 200 г бело брашно и 2 лажици масло. Во продолжение може да прочитате уште еден сличен рецепт кој се подготвува во рерна.




ПОСТАПКА: Во едно нелепливо тавче на рингла распоредете го шеќерот и оставете малку да се растопи на тивко додека ги лупите и исечкате бананите на кругови. Кога шеќерот малку ќе се подрастопи, наредете ги бананите една до друга во тавчето.




Потоа подгответе го преливот: скршете ги јајцата во еден сад и изматете ги со жица. Посолете, па додајте го млекото и измешајте. Потоа додајте го брашното и маслото. Соединете ја смесата еднолично да нема грутчиња од брашното.




Вака подготвената смеса излејте ја во тавчето со банани и покријте со капак. Оставете неколку минути да фати коричка одоздола како кога пржите палачинки. Потоа превртете ја питата со додавање на масло и пржете од другата страна уште неколку минути.




Вака подготвената пита се сече на пица парчиња и се послужува како десерт. Одозгора може да премачкате со Нутела, шлаг или да наросите ореви, а може да правите и со малини или некое друго бобесто овошје. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Следниот рецепт е за во рерна:




Ваков сличен десерт може да подготвите и во рерна, а за него ќе ви бидат потребни следниве состојки: 4 големи јајца, 280 г брашно, 480 мл млеко, 2 големи лажици растопен путер и прстофат сол.




ПОСТАПКА: Во блендер или под миксер изматете ги пенасто јајцата. Додајте ја солта, брашното, растопениот путер и млекото и целата смеса соединете ја еднолично. Оваа смеса има иста конзистентност како онаа за палачинки.




Во калап за мафини или големо нелепливо тавче за во рерна премачкајте го со масло и ставете да се загрее во рерна на 200 степени. Ставете минимално масло, колку да се намасти тавчето. Потоа излејте ја смесата во него и печете околу 20-25 минути. Ако смесата ја подготвувате во калап за мафини, наполнете ги до половина. Превкусно е!