Потребни состојки:

6 жолчки

250 г шеќер

3 лажици вода

1 шолја за кафе масло

100 г брашно

2 лажици густин

1 прашок за печиво

2 лажици какао

6 белки за снег

500 мл сварено кафе

2 лажици брашно

200 мл млеко

4 жолчки

4 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

250 г путер/маргарин

4 белки

250 г шеќер

½ шолја вода

100 г чоколадо

½ шолја масло

Постапка:

Кора: изматете 6 белки во цврст снег, а посебно изматете 6 жолчки со 250 г шеќер. Додадете 3 лажици вода, 1 шолја масло, 100 г брашно, 2 лажици густин, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао. Добро изматете и додадете го снегот од белки мешајки со лажица. Печете на 200 степени додека да порумени. Печениот колач хоризонтално пресечете го за да добиете две кори кои ќе ги натопите со 500 мл црно кафе. Можете да испечете и две посебни кори ако сакате.

Крем: сварете 2 лажици брашно, 200 мл млеко, 4 жолчки, 4 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер – додека да згусне неколку минути. Тргнете од оган и повремено промешувајте. Во изладениот фил додадете 250 г путер и добро изматете.

Бела глазура: изматете цврст снег од 4 белки, па во малку вода колку да се покрие шеќерот да се растопи се става на оган, па после врело се додава во снегот со постојано мешање.

Чоколадна глазура: 100 г чоколадо се растопува со ½ шолја масло.

Редослед: се враќа првата кора во плехот во кој се печеше, се натопува со половина од кафето, се премачкува со крем, па одозгора се става втората кора, па и нејзе се натопува со кафето полека со лажица, па се става бела глазура. Се става во фрижидер малку да се стегне, па врз белата глазура се става чоколадна глазура.