Потребни состојки:

250 г путер/ маргарин

200 г ситно сирење

1 мала лажичка сол

400 г брашно

1 прашок за печиво

За премачкување:

2-3 лажици мак

2-3 лажици сусам

1 јајце

Постапка:

Од наведените состојки замесете тесто, ставете го во пластична кеса и оставете два часа да „одлежи“ во фрижидер.

Потоа со оклагија развлечете тенко, како што е прикажано во видеото.

Првата страна премачкајте ја со изматено јајце, наросете со мак.

Свртете на другата страна и исто така премачкајте со јајце, потоа наросете со сусам.

Исечете на лентички и виткајте ги така да добиете спирални стапчиња.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Видео: