ВРТЕНА ПИТА СО СИРЕЊЕ…Печена во рерна…ја кинеме и јадеме додека е жешка и чури…Прсти да излижеш. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
250 мл вода
450 г брашно
1 лажичка сол
30 мл масло

За фил:
600 г урда
3 јајца
3-4 лажици кисела павлака
сол по вкус
1 јајце за премачкување

ПОСТАПКА:

1. Загрејте ја рерната на 180°C (356°F).

2. Во сад измешајте ги водата, брашното, солта и маслото за да добиете тесто. Месете 5-7 минути за да добиете мазно и средно меко тесто кое не се лепи. Оставете го тестото да одмори 10-15 минути.

3. За филот соединете ја урдата, јајцата, павлаката и малку сол.

4.Тестото поделете го на 6 дела и секој обликувајте го во топче. На набрашнета површина развлечете го секое топче во голема кора. Посипете ја со брашно, преклопете ја и оставете ја настрана да одмори 10-тина минути.

5.Потоа, лесно ќе се развлекува со рацете. Раширете ја колку што можете повеќе за да биде многу тенка.

6.Врз цела површина испрскајте ја кората со малку масло и распоредете од филот. Со подигање на чаршавот од двете страни, од едната помалку, а од другата до крај, ќе добиете ролничка.

7.Првата ролничка свиткајте ја како полжав и ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење, а следните надоврзувајте ги во круг додека да се исполни целата. Ролничките оставете ги да бидат растресити и не ги стегајте со раце.

8.Питата одозгора премачкјате ја со јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути додека да порумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.