Ако досега не сте започнале, запишете си го рецептот и веднаш почнете да си приготвувате најдобриот чај, кога станува збор за општо здравје и отпорност од болести.
Чајот е многу ефикасен, па можеби сте слушнале за него, а можеби некој од вас веќе го пие, затоа што е познат по неговата голема лековитост. Но, овој чај не мора да се пие само кога здрвајето е нару-шено, бидејќи е добар за јакнење на отпорноста на организмот и за исфрлање на ток-сините од него.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица жалфија, 500 мл вода, прстофат маточина, прстофат кантарион, прстофат нане и 1 емајлиран сад за готвење на чајот. ПОСТАПКА: една лажица жалфија ставете во 500 мл зовриена вода и варете 3 минути. Тргнете од оган и додајте по прстофат од останатите билки. Поклопете го садот и оставете го чајот 10 минути.
Процедете го чајот и поделете го на две еднакви половини. Едната половина испијте ја наутро пред појадок, а втората во текот на денот или пред спиење. Чајот мора да се вари само во емајлиран сад.
Се употребува при: кардиоваскуларни и срцеви заболувања, болести на органите за варење, болести на ‘рбетниот столб, болести на уринарни патишта и простата, болести на хормонални пореметувања, алергии, дијабетес и друго.
Овој чај е главен кај мали гните заболувања при спроведување на бројсова терапија.
Самиот Бројс рекол: „Чајот кој е на база на жалфија го сметам за најважен од сите други чаеви, и затоа треба да се пие цел живот. Кој го пие овој чај постојано, теш-ко дека некогаш ќе се разболи”. Па, вреди да се обидеме.
ЖАЛФИЈАТА содржи доста етерични масла кои се добри за испи-рање на грлото, но во чајот кој се пие, не смее да ги има, па затоа мора да се вари 3 минути. Жалфијата е важна за сите жлезди и ‘рбетниот мозок.
МАТОЧИНАТА ја смирува работата на срцето, ги чисти кр-вните садови и делува смирувачки врз нервниот систем. КАНТАРИОНОТ ги поттикнува и ги лекува органите за варење, ги обновува клетките на црниот дроб и го јакне имуниот систем. НАНЕТО освежува и ги елиминира гасовите од цревата, спречува подување и ги смирува желудочните тегоби.
Бројсов чај против кашлица – многу е ефикасен и на многумина им помогнал
„Мене многу ми помогна, а и на други кои го пиеле. На почетокот се колебав бидејќи мислев дека вкусот нема да ми се допадне, но кога го пробав се изненадив. Рецептот е според Рудолф Бројс, проверен многупати“, сподели читателка за НМД.мк
Потребни состојки: 2 главици црвен кромид со величина на јајце, 1 литар вода, 100 г кафеав шеќер
Постапка: кромидот не се лупи, туку само се мие и му отсекува коренестиот дел, па се става во литар вода со шеќер да се вари (шеќерот го неутрализира вкусот и мирисот на кромидот). Кога ќе зоврие водата варете уште 15 минути. Јас го варев за себе без шеќер и кога чајот малку се смлачи додадов малку мед.
Употреба: чајот се пие млак или ладен и тоа голтка по голтка. Брзо поттикнува искашлување и престанок на кашлањето откако ќе се исчисти слузта. Се препорачува и кај бронхитис.